fbpx

За „спорниот“ избирачки список ДИК ќе расправа во вторник на јавна седница

-

Денеска истекува рокот за пријавување на спорните гласачи во избирачкиот список и тој ќе се разгледува на јавна седница во вторник, велат за „Мета“ од ДИК. Од Комисијата додаваат дека продолжување на рокот за увид и пријавување во избирачкиот список нема да има, освен ако Собранието не изгласа измени во Изборниот законик.

– Ние немаме никаква надлежност да го продолжуваме рокот за пријавување во „спорниот“ избирачки список и иницијативите за продолжување не треба да се доставуваат до нас, туку до Собранието. Ако Законодавниот дом изгласа измени на последниот рок за пријавување во списокот, ние ќе го почитуваме тоа, но мора да се направат измени во Избирачкиот законик- велат од ДИК.

Иницијатива за продолжување на рокот за пријавување на спорните гласачи поднело Движењето „Беса“, но од таму не потврдија дали ја доставиле само до ДИК или и до законодавниот дом.

Одговор за ова не добивме ниту од Собранието, но на интернет страницата на Собранието, засега не е закажана седница.

Ваљон Беља од ДУИ вели дека вчера поднел иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката на ДИК за одлуката да се бришат приближно 40.000 гласачи.

– Мислиме дека не е во ред да се избришат овие гласачи и затоа поднесовме иницијатива до Уставниот суд – рече Беља.

Од ДИК соопштија дека заклучно со денеска на пладне вкупно 7.931 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни,се пријавиле во Комисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...