fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

Осум убиени и двајца повредени во престрелка во Тексас

Осум лица синоќа загинаа во престрелка во куќа во тексашкиот град Плано, кој се наоѓа на 30 километри североисточно од Далас. Портпаролот на градската полиција, Дејвид Тајли, изјави дека полицијата добила пријава за пукотница, а кога пристигнала на местото, напаѓачот отворил оган врз полицајците, кои веднаш возвратиле и го усмртиле. Во престрелката се повредени уште две лица, но не е позната...

Маж тешко ранет во ресторан во скопско Батинци

Крвава пресметка се случила вчера во скопското село Батинци, при што еден жител на селото е тешко ранет, а полицијата трага по неговите напаѓачи. Како што соопшти полицијата, рано попладнето дошло до тепачка во ресторан во селото, по што противниците излегле надвор и таму продолжиле да се пресметуваат. Во еден момент било стрелани кон 35-годишниот Р.А. од Батинци, при што добил...

Тинејџер пукал во школо кај Москва, четворица се повредени

Московската полиција уапси тинејџер кој пукал и фрлил димна бомба во училиште во московскиот регион и притоа ранил четири лица, јавуваат руските медиуми. Според првичните информации, 15-годишникот фрлил димна бомба во училницата и пукал во воздух, соопшти портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи. Четири лица се хоспитализирани, а според информациите на новинската агенција ТАСС, станува збор за тројца ученици и за...

Пукање во Чарлстон, напаѓачот се затворил во ресторан

Полицијата во Чарлстон соопшти дека во центарот на градот дошло до пукање и апелираше до граѓаните да се тргнат од таа област. Како што пренесуваат американските медиуми, полицијата упаднала во еден ресторан каде што напаѓачот најверојатно се затворил. Пукањата биле пријавени на улицата Кинг околу пладне по локално време, изјави портпаролот на полицијата Чарлс Франсис во соопштение во кое не се...

Маж од кров на зграда во Истанбул пука на возила

Маж од кров на зграда во Истанбул отворил оган на неколку возила, а во моментов властите се обидуваат да стапат во контакт со него и да го сопрат, јавува „Раша тудеј“. На видео-снимката која се појави на интернет се гледа маж како в рака држи пушка и мавта со неа, додека властите му дофрлаат од земја. Како што јавуваат турските медиуми,...

Пукање пред железничката станица во Киев

Двајца непознати напаѓачи отвориле оган и раниле три лица пред железничката станица во Киев, јавуваат украинските медиуми. Портпаролката на киевската полиција, Оксана Блишик, на својата страница на „Фејсбук“ објави фотографии од местото на настанот. „Пукање се случило пред железничката станица, а припадниците на полицијата во моментов вршат увид. Двајцата напаѓачи, најверојатно, пукајќи од огнено оружје раниле тројца мажро. Според првичните лекарски...

Четворица убиени и неколкумина повредени во суд во Москва

Четири лица се убиени, а неколку се повредени во престрелка што изби во регионалниот суд во Москва, јавуваат руските медиуми. Сепак, нема официјална потврда за загинатите. Адвокатката Софија Рубаска, која во моментот на инцидентот се наоѓала во зградата, за руската агенција „РИА Новости“ соопшти дека слушнала пукање и дека се ранети вработени во тој суд, судска извршителка и стражар, но не...

Момче убиено на свадба во Липково

На свадба во кумановското село Липково вчеравчер бил застрелан 19-годишен германски државјанин, кој од добиената повреда починал во Медицински центар Куманово, соопшти СВР Куманово. Момчето кое имало потекло од Прешево, Србија, било донесено околу 23.30 часот во кумановската болница, со прострелна рана на левата страна на градниот кош. Со полицискиот увид било констатирано дека околу 22.45 часот, додека момчето и...

Престрелка во Мексико – има загинати и повредени

Најмалку 26 лица се убиени или хоспитализирани по пукањето на северната граница во Мексико, во државата Чивава, соопшти мексиканскиот државен обвинител. Пукањето се случило во близина на Лас Вараса, во срцето на еден од регионите во Мексико, каде цвета трговијата со дрога. Во пукањето учествувале две вооружени групи, но не е јасно дали толку лица се повредени или усмртени. Инцидентот се случува...

Уште едно лице починало од пукањето во Бутел, причините за инцидентот и понатаму непознати

Скопската полиција сè уште ги истражува причините и работи на расчистување на случајот во кој 84-годишниот П.Т., жител на населбата Бутел, вчера во својот дом пукаше во сопругата, нивната ќерка и во внукот, а потоа се самоуби. Триесет и двегодишниот внук, од сериозноста на повредата, почина на самото место, а како што соопшти денеска полицијата, утрово во Клиничкиот центар во...

Осумдесет и четиригодишен скопјанец ги застрелал сопругата, ќерката и внукот

Осумдесет и четиригодишен скопјанец попладнево, околу 13 часот, пукал во својот дом и ги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот, а потоа се самоубил, јавува „Телма“. Полицијата го потврдила инцидентот, кој се случил на улицата Хо Ши Мин, во општина Бутел. Застреланиот внук, кој бил на 32-годишна возраст, според првичните информации, им подлегнал на повредите на самото место, а сопругата...

Пукање во ноќен клуб во Арканзас, најмалку 17 лица повредени

Најмалку 17 лица се ранети од огнено оружје во ноќен клуб во градот Литл Рок, во американската сојузна држава Арканзас, соопшти денеска полицијата, јавуваат светските агенции. Едно лице е во критична состојба, додека другите имале повреди кои не се загрозувачки по живот. Најмладата жртва во пукањето, според агенциите, има 16 години. Според локалните медиуми, престрелката се случила за време на концерт,...

Најмалку тројца загинати во напад на џамија во Кабул

Најмалку три лица загинале, а десет се ранети во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во шиитска џамија во главниот град на Авганистан, Кабул, јавуваат светските агенции кои се повикуваат на изјава на портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Наџиб Даниш. Напаѓачот се обидел да влезе во просторијата за молитва во џамијата, но бил спречен од полицијата. Притоа...

Престрелка во Орландо

Неколку лица се убиени во престрелка што се случила во источниот дел на градот Орландо, во сојузната американска држава Флорида. Канцеларијата на шерифот на Оринџ Каунти го нарече пукањето „трагичен инцидент“, но не откри колку жртви има, ниту други детали. Во Орландо следната недела треба да се обележи првата годишнина од пукањето во ноќниот клуб „Пулс“, во кој беа убиени 49 лица.

Премиерот Заев го осуди нападот врз Тодоров

Премиерот Зоран Заев по примопредавањето на должноста со досегашниот, техничкиот премиер Емил Димитриев, го осуди атентатот врз министерот за здравство во заминување Никола Тодоров. - Јас го осудувам ваквиот начин. Не ги знам деталите, Оливер Спасовски ме информираше дека се работи за некое физичко лице кое што директно посегнало по пиштол. Не знаеме детали околку самиот настан, но целосно го...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди обидот за убиство на Тодоров, бара одговорност

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение денеска го осуди обидот за убиство на Никола Тодоров, остро го нападна СДСМ како подготвувач на теренот за посегнувањето по животот на досегашниот министер за здравство и побара одговорност и од владејачката партија и од „Шарената револуција“. „Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика што следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот. СДС и...

СДСМ го осуди пукањето врз Никола Тодоров

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осуди инцидентот во кој 60-годишниот Љ.С. од селото Каласлари, Велешко, пукаше во поранешниот министер за здравство и висок функционер на ВМРO-ДПМНЕ, Никола Тодоров. „СДСМ најостро го осудува инцидентот во кој е пукано во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Недозволиво е употреба на оружје и посегнување по нечиј живот, од која било причина, какви што...

Дедото на малата Тамара пукал во Никола Тодоров

Шеесетгодишниот Љ.С. од селото Каласлари, Велешко пукал во поранешниот министер и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму информираат дека осомничениот истрелал два куршуми од пиштол кон Тодоров. Во инцидентот, според МВР, нема повредени. Напаѓачот е веднаш уапсен и однесен во полициска станица, каде во тек е истрагата за случајот. Дел од медиумите,...

Исламист во Франција застрелал двајца полицајци при апсење

Радикален исламист денеска ранил двајца полицајци на францускиот остров Реуниот, јавуваат светските медиуми. Осомничениот, за кој се верува дека има околу 20 години, пукал во полицајците додека се обидувале да го уапсат, соопштија француските власти. Тој одбил да ѝ се предаде на полицијата, по што отворил оган од пушка и ранил двајца полицајци. Полицијата соопшти дека го ставила „под контрола напаѓачот“ и...

Тројца мртви во вооружена пресметка во Филаделфија

Полицијата во Филаделфија синоќа соопшти дека во престрелка, на која ѝ претходела расправија, во близина на католичко училиште во градот се убиени три лица, а рането е едно. Портпаролот на полицијата, Трој Браун, изјави дека една група луѓе се приближила до друга група на улица и отворила оган. Двајцата загинале на местото на пукањето, додека третиот им подлегнал на повредите во болница. Засега...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...