Најмалку 17 лица се ранети од огнено оружје во ноќен клуб во градот Литл Рок, во американската сојузна држава Арканзас, соопшти денеска полицијата, јавуваат светските агенции.
Едно лице е во критична состојба, додека другите имале повреди кои не се загрозувачки по живот. Најмладата жртва во пукањето, според агенциите, има 16 години.
Според локалните медиуми, престрелката се случила за време на концерт, но засега нема информации за осомничени лица.
#NEW: Little Rock Police are investigating a shooting at an Arkansas nightclub that left at least 17 people injured. https://t.co/5dXb7bfMXn
— CBS News (@CBSNews) July 1, 2017
Од полицијата изјавиле дека сите околности укажуваат дека инцидентот не е поврзан со тероризам.
Локалните медиуми наведуваат дека голем број луѓе биле повредени дека се обидувале да побегнат од ноќниот клуб.