fbpx
Таг: пукање

таг: пукање

Во престрелка во ноќен клуб во Синсинати, едно лице загина, а 15 се повредени

Во престрелка во ноќен клуб во американскиот град Синсинати во сојузната држава Охајо едно лице е убиено, а најмалку 15 се повредени. Полицијата соопшти дека во престрелката учествувале најмалку пет напаѓачи. - Иако мотивите за нападот засега се нејасни, нема причина за сомневање дека станува збор за тероризам - соопшти Ерик Франк, претставник на полицијата во Синсинати. Пукањето во ноќниот клуб „Камео“...

Пукање во автобус во Лас Вегас, едно лице убиено

Во автобус во Лас Вегас дошло до пукање во кое еден маж убил едно лице, а полесно повредил друго. Полицијата го уапсила напаѓачот по напната ситуација која траела четири часа, соопшти градската полиција со напомена дека тој напад не е поврзан со тероризам. Осомничениот напаѓач во двокатен автобус бил забарикадиран четири часа додека тактичките тимови и преговарачите пристигнале на местото, на булевар...

Пукање пред британскиот парламент – има и жртви

Истрели од огнено оружје се слушнати пред британскиот парламент во Вестминстер, Лондон, јавуваат светските медиуми. Како што јавува британскиот весник „Телеграф“, застрелан маж лежи пред зградата на Парламентот, додека двајца други се повредени. Според очевидци, автомобил прегазил пет пешаци, пред да се удри во орградата на парламентот. Исто така, одредени медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори јавуваат дека маж со нож...

Скопјанец застрелан во расправија во Ченто, се наоѓа во животна опасност

Откако вчера бил застрелан, 27-годишен скопјанец со тешки повреди е пренесен во Специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје и се наоѓа во животна опасност, извести МВР. Инцидентот се случил вчера попладне. Во полиција било пријавено дека на улицата Фуштанска во населбата Ченто, две непознати лица, кои дошле со два автомобили, почнале да се расправаат со Г.Б. (27), по што...

Пукање кај „Лувр“, паника во Париз

Француски војник отворил оган откако е нападнат со нож во центарот на Париз, кај познатиот музеј „Лувр“. Светските агенции јавуваат дека војникот застрелал човек кој, наводно, се обидел да влезе во музејот носејќи торба. Француските медиуми наведуваат дека напаѓачот е погоден во нога и оти дел од „Лувр“ и од трговскиот центар „Карусел“ се евакуирани и опколени од безбедносни сили, како и дека ситуацијата...

Шест лица убиени и осуммина ранети во терористички напад на џамија во Квебек

Шест лица се убиени, а осуммина се ранети во вооружен напад на џамија за време на вечерна молитва, што синоќа се случил во канадскиот град Квебек Сити, сооошти канадската полиција, пренесува „Би-би-си“. Во нападот учестувале две лица, кои отвориле оган во исламскиот културен центар во Квебек, додека во него имало околу 50 верници кои биле на молитва. Еден од напаѓачите, како...

Пукање во близина на училиште во Глазгов

Во близина на основно училиште во предградието Пенили во Глазгов дошло до пукотница, соопшти шкотската полиција. - Полицајците се во училиштето и не постои закана за децата или вработените – соопшти портпаролот на шкотската полиција. На твитер-профилот на училиштето „Свети Џорџ“ се наведува дека сите ученици и вработени се безбедни, пренесува „Би-би-си“. Портпаролот на полицијата соопшти дека во тек е опсежна истрага која треба да...

Пукал пред црква во Остин, полицијата го убила

Полицијата во Остин убила маж кој неколкупати пукал од автоматска пушка во воздух пред црква во сојузната држава Тексас. Напаѓачот бил убиен откако одбил да го фрли оружјето, соопшти полицијата. Властите наведуваат дека пукањето во северозападен Остин се случилo откако полицијата добила повик во кој бил пријавен грабеж, а потоа и тепачка на паркиралиште на истата локација. Во повикот се велело...

Жестока офанзива на Мосул, се слушаат експлозии и пукање

Ирачките сили утринава, по две недели затишје, ги продолжија борбите за Мосул, кој се наоѓа во рацете на Исламска држава, соопштија извори блиски до ирачките сили за безбедност. Војската на Ирак, со помош на авијацијата, специјалните единици и на полицијата повела офанзива на неколку предградија на Мосул. Странските новински агенции јавуваат дека жителите на Мосул се заробени во своите домови и...

За Божиќ во Чикаго ранети 40 лица, 12 загинати

Божиќниот викенд во Чикаго оваа година беше рекорден по бројот на ранувања од огнено оружје. Дури 40 лица беа ранети, а од нив 12 починале. Чикаго веќе некое време е под лупа поради зголеменото насилство во градот, а од локалната полиција изјавија дека причината за тоа се зачестените судири помеѓу бандите. При рацијата, за време на божиќниот викенд, полицијата запленила и 45...

Нови престрелки во Алепо

Најмалку еден цивил денеска загина откако сириските бунтовници отворија оган во Алепо, првпат откако војската на претседателот Башар ал Асад прогласи целосно преземање контрола над градот, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права. Како што се наведува во соопштението, кон квартот Хамдание, на југот на Алепо се истрелани десетина проектили, а во нападот се ранети осум лица. Од друга страна, државната агенција „Сана“ пренесе дека...

Престрелка во Визбаден, едно лице убиено и двајца ранети

Едно лице загина, а две се повредени при престрелка во градот Визбаден, главниот град на сојузната германска држава Хесен, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил во округот Бибрих, а мотивот засега не е познат. Напаѓачот се скрил, а полицијата во потрагата вклучила дополнителни единици и хеликоптер. Убиена е 59-годишна сопственичка на киоск, а нејзините 63-годишен сопруг и 21-годишен внук се тешко повредени. Заднината...

Пукања во близина на американската амбасада во Анкара

Неколку пукотници вечерва се слушнале во близина на американската амбасада во Анкара, откако пред неколку часа беше убиен рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, пишува „Раша тудеј“. Засега не е познато кој пукал ниту, пак, дали некој e повреден. Американските власти јавија дека дошло до „безбедносен инцидент“ пред американската амбасада, која се наоѓа во близина на галеријата каде попладневно беше убиен...

Престрелка во центарот на Охрид

Доцна синоќа, едно лице е тешко повредено во престрелка во центарот на Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски, кој за денеска најави повеќе информации. Тој објасни дека инцидентот не може да се поврзе со изборниот процес и со вчерашното гласање. Димоски истакна дека полицијата брзо интервенирала, го фатила и го привела напаѓачот. Лицето во кое е пукано...

Пукање на универзитетот во Охајо

Најмалку едно лице е убиено, а девет се повредени во пукотница која е во тек на државниот универзитет „Охајо“. Американските медиуми јавуваат дека кампусот на универзитетот е целосно затворен поради пукањето. Универзитетот испратил порака за тревога до сите студенти, во која им советува да се скријат. Според еден од студентите, пукањето почнало во една од универзитетските лаборатории, додека друг студент на „Твитер“...

Пукање во Њу Орлеанс, еден загинат, 10 ранети

Полицијата од Њу Орлеанс соопшти дека во пукање во центарот на францускиот кварт застрелани биле 10 лица, а едно лице починало. Истрагата сè уште е во тек. „Вкупно 10 жртви се застрелани во инцидент на улицата Бурбон. Една жртва почина како последица на пукањето“, објави њуорленаската полиција на „Твитер“. https://twitter.com/ABC/status/802806093479104512

Прекршено примирјето во Колумбија, убиени двајца бунтовници

Двајца бунтовници од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) се убиени, а еден им се предал на колумбиските владини сили во северната колумбиска покраина Боливар, откако вооружени излегле од зоната што им е одредена со примирјето. Колумбиската војска го потврди инцидентот, кој претставува прво кршење на билатералното примирје што владата во Богота и ФАРК го потпишаа во септември, а кој минатиот...

МВР: По престрелката, Трајковски се упатил кон болница по што се превртел со возилото

Министерството за внатрешни работи доцна попладнево излезе со повеќе детали за синоќешното пукање и бркотницата на булеварот Партизански одреди, при што ранет беше скопјанецот Даниел Трајковски. Од МВР информираат дека синоќа, околу 23.30 часот, на сè уште неутврдено место, од непознат сторител со употреба на огнено оружје биле истрелани неколку куршуми кон повредениот, кој се наоѓал во својот автомобил, при што сторителот...

МВР информираше за сообраќајката, но не и за пукањето и за бркотниците по Партизанска

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со информација за синоќешниот инцидент на булеварот Партизански одреди, во кој беше ранет скопјанецот Даниел Трајковски, но во неа, освен превртувањето на возилото и тоа дека Трајковски имал тешки повреди од огнено оружје, нема детали за пукањето и за бркотницата со автомобили. Според МВР, за случајот полицијата била информирана од Ургентниот центар, од каде...

Убиени американски војници во пукање во воена база во Јордан

Двајца американски војници, кои обучувале јордански колеги во воздухопловна база во Јордан, денеска загинаа во престрелка, јавува „Би-би-си“. Автомобил ја пробил капијата на влезот на базата „Принц Фајсал“. Лицата во автомобилот почнале да пукаат на јорданските војници, на што припадниците на армијата возвратиле. Во престрелката настрадале американски војници, а еден јордански војник е повреден. Засега не се откриваат повеќе детали ниту, пак,...

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...