fbpx
Таг: полиција

таг: полиција

Опожарен бугарскиот Културен центар во Битола, обвинителството издаде наредба за истрага

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, извршија увид во објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, каде во раните утрински часови се случи пожар. „Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење....

Вистиномер: Сатирична објава за кражба во полициски магацин споделена како вистинска вест

Во овој пост што се споделува на Фејсбук не е наведено дека станува збор за сатира, нема линк до оригиналниот напис, па е оставена е отворена можноста информацијата да биде погрешно протолкувана како вистинита. Наместо како исмевање за кражбата на солзавец, шок бомби и други предмети од  полициски магацин во Охрид, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Речиси сите полицајци од граничен премин во Косово уапсени во истрага за корупција

Со лисици на рацете и на распит завршија 48 гранични полицајци и двајца цариници, по истрагата на косовскиот Полициски инспекторат во координација со Специјалното обвинителство која траеше 10 месеци. Според порталот KALLXO.com, уапсени се речиси сите припадници на граничната полициска станица Ѓаковица. Полицискиот инспекторат соопшти дека постои основано сомнение оти уапсените во овој случај се инволвирани стотици пати (над 400 пати)...

Косовските супермаркети ги намалија цените од 250 денари за литар зејтин, полицијата пронајде сокриени 100 илјади литри

Полициските акции, иницирани од косовското Обвинителството, ги вразуми маркетите кои вчера литар сончогледово масло го продаваа по цена од 3,49 евра без разлика на производителот и тоа во ограничени количини од максимум четири шишиња. „Цената на литар зејтин денес се движи од 2,19 до 2,99 евра“ за Мета.мк потврди адвокатот Арбер Јашари кој вчера на Фејсбук сподели пост во кој...

Kaзнети 94 возачи зошто не пропуштиле пешаци на обележан премин

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 94 возачи, од кои 42 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Битола. „При акциската контрола санкционирани се и 125 други видови на сообраќајни прекршоци....

За неполни три дена, над илјада повици на бројот за итни случаи 112

За неполни три дена, откако е пуштен во употреба единствениот број за итни случаи 112, на него помош побарале над илјада граѓани. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), во петокот, кога бројот беше пуштен во употреба, имало околу 600 повици. Во текот на вчерашниот ден, пак, на овој број се јавиле 430 граѓани. Во текот на ноќта...

Од денеска функционира бројот 112 за вртење во полиција, брза помош, пожарна и ЦУК

Граѓаните од денеска ќе може да го користат бројот 112 за пријава на итни случаи во полиција, брза помош, пожарна и Центарот за управување со кризи. За почеток, овој број ќе функционира само во Скопје, а за 10 дена системот ќе почне да функционира низ целата земја. Најмалку уште една година ќе продолжат да функционираат и досегашните одделни броеви...

Полицијата вчера изрекла 318 казни за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (08.02.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 318 пешаци, соопшти МВР. „При тоа 250 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 44 за минување на црвено...

Настрада уште еден пешак, 58 скопјани добија казни за брзо возење

На булеварот Борис Трајковски пред општината Кисела Вода синоќа околу 23 часот автомобил удри во пешак. Повредениот паднал на асфалтот на на коловозната лента, а автомобилот удрил и во бандера.  Повеќе присутни граѓани помагале и повикале Итна помош. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град...

Уапсен тинејџер од Шишево: Фрлил куче од мост, па се фалел на интернет

Полицијата на граничниот премин Табановце го уапси О.К.(18) од с. Шишево, општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тинејџерот бил спроведен во ЕВР Ѓорче Петров...

Пожарникари се прекачуваа преку балкони да ги спасуваат загрозените од пожарот во Буњаковец

Синоќа пожарникарите мораа да се прекачуваат преку балкони за да го изгасат пожарот кој изби во зграда на улица „Христо Смирненски“ во непосредна близина на „Треска“,  во тесните улички во близина на Универзална Сала, во градската четврт Буњаковец во Општина Центар. Станарите дел од минатата ноќ ја минаа на улица додека траеше гасењето на пожарот кој зафати еден од становите....

Вистиномер: Рибокрадците го пустошат рибниот фонд во Охридското Езеро, ЕУ нотира низа слабости

Рибокрадството со години „царува“ на Охридското Езеро. Ендемските видови риби доведени на работ на исчезнување. Забрана за риболов има, полицијата казнува, но рибокрадците не мируваат. Незаконскиот риболов предизвика дисбаланс во рибниот фонд на Охридското Езеро, смета научната фела. Со децении се изловуваат само три видови риби, пастрмка, белвица и крап. Во Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија...

Приведен Скопјанец, криумчарел мигранти од Куба

Синоќа околу 20.00 часот на влезот за с. Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во „пежото“ со скопски регистарски таблички кое управувал 42 годишниот скопјанец биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник. Мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар...

Тензии на северот на Косово: Едно лице е тешко рането, солзавец и блокади на патишта, нападнати новинари

Косовската полиција за економски криминал и царина, придружена со специјалните единици на РОСУ, денеска спроведе акција против шверц на стока на неколку локации во земјата, вклучувајќи го и регионот Приштина, Пеќ и на југот и северот во Митровица. Оваа акција ги разгневи Србите од северот, кои се спротивставија на полицијата, ги блокираа патиштата во Звечан и палеа автомобили, пренесе...

Полицијата сè уште го бара лавчето Симба: Кај еден од осомничените запленети се препариран тропски мајмун и лебед

Полицијата сè уште не го најде лавчето Симба. Според информациите кои Мета ги доби од Основното јавно обвинителство при претрес кај лицето чии фотографии со лавчето беа објавени, не е пронајдено дивото животно. Министерството за внатрешни кое по насоки на Основното јавно обвинителство Куманово го лиши од слобода кумановецот С.А.(31) презема дејствија за пронаоѓање и за утврдување на начинот на...

Полицијата приведе кумановец за случајот со фотографиите од лавчето Симба

По веста која ја објави Мета дека кумановци во скапи автомобили и луксузни вили го шетаат лавчето Симба полицијата приведе едно лице против кое е поднесена кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно. „На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле...

Закани по живот за активистката што јавно укажа на шверц со лавови во земјата

Активистката за правата на животните Тина Мицковска, објави дека добива закани по нејзиниот живот откако јавно го обелодени случајот со фотографиите од лавчето Симба и повика на одговорност. Таа на нејзиниот профил на Фејсбук објави дека стравува за нејзиниот живот, но нема да се откаже од борбата да се расветли случајот со малите лавчиња. Сепак и покрај бројните прашања, Министерството за...

Утврдени 168 сообраќајни прекршоци во Скопје, 66 за брзо возење, во целата земја фатени 91 пијан возач

На територијата на град Скопје вчера сообраќајните полицајци изрекле вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Изречени се и осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за...

МВР изрече 94 казни за брзо возење, 12 за возење под дејство на алкохол, и 6 за користење мобилен

Полицијата во Скопје вчера изрекла вкупно 178 казни, од кои најмногу за брзо возење - 94, потоа 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за нерегистрирани или неисправни возила. Покрај, тоа како што соопшти МВР, изречени се и 6 казни за користење мобилен телефон при возење, две за минување на црвено светло, 4...

(Фото) На автопат со 231 километар на час: МВР казни 116 возачи за пребрзо возење

На автопатот Куманово-Велес-Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 116 возачи за пребрзо возење. На фотографијата која министерството ја испрати до медиумите се гледа мотоциклист кој се движи со брзина од 231 километар на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина. „Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...