fbpx

За неполни три дена, над илјада повици на бројот за итни случаи 112

-

За неполни три дена, откако е пуштен во употреба единствениот број за итни случаи 112, на него помош побарале над илјада граѓани. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), во петокот, кога бројот беше пуштен во употреба, имало околу 600 повици. Во текот на вчерашниот ден, пак, на овој број се јавиле 430 граѓани.

Во текот на ноќта до 8 часот утрово, бројот 112 го повикале 76 лица.

Граѓаните може да го користат бројот 112 за пријава на итни случаи во полиција, брза помош, пожарна и Центарот за управување со кризи. За почеток, овој број функционира само во Скопје, а наскоро ќе почне да функционира низ целата земја. Најмалку уште една година ќе продолжат да функционираат и досегашните одделни броеви 192, 193, 194 и 195.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.