четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: брза помош | 33 резултати

Од денеска функционира бројот 112 за вртење во полиција, брза помош, пожарна и ЦУК

февруари 11, 2022

Граѓаните од денеска ќе може да го користат бројот 112 за пријава на итни случаи во полиција, брза помош, пожарна и Центарот за управување со кризи. За почеток, овој број ќе функционира само во Скопје, а за 10 дена системот ќе почне да функционира низ целата земја. Најмалку уште една година ќе продолжат да функционираат […]

Светиниколските пациенти се транспортираат со донирани амбулантни возила

март 9, 2021

Сите четири амбулантни возила со кои располага ЈЗУ Здравствен дом „Гаврило Гаврилски“ од Свети Николе се донација. И петтото што се најавува да пристигне ќе биде донација од народот на Јапонија, преку проектот за мали грантови. Од овие четири амбулатни возила, за транспорт може да се смета само на едно, и тоа донација од Јапонија […]

Пациент нападнал доктор од Итната медицинска помош додека тој му го запирал крварењето од главата

декември 4, 2020

Доктор вработен во Итната медицинска помош, завчера бил нападнат од повреден пациент во моментот додека му пружал помош. За случајот информираше и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што ги преземаат неопходните мерки за овој случај. Според информациите, по добиениот повик за интевренција, екипата на Итната медицинска помош која била дежурна во пунктот во […]

Дванаесет часа со Брза помош: Долга и заморна ноќ со исцрпувачка динамика и неиздржлив притисок [фоторепортажа]

ноември 20, 2020

Студена ноемвриска ноќ. Од густата магла измешана со смог тешко може да се забележат лицата на ретките минувачи пред Службата за итна медицинска помош во Скопје. Внатре телефонот непрестајно ѕвони. Повик по повик. Голем дел бараат консултации, но и на многумина им треба итна помош и пренос во болница. Динамиката е исцрпувачка, притисокот скоро неиздржлив. […]

Порталб: Брзата помош во Тетово не асистирала поради состојбата со Ковид-19, институциите го негираат случајот

ноември 20, 2020

Жителка на Тетово достави до „Порталб.мк“ факти кои го докажуваат нејзиното лошо искуство, како оштетена страна во овој случај, со лекар од Брзата помош во Тетово. Тетовчанката Л.В. пред четири дена имала потреба од лекарска помош во нејзиниот дом, додека докторот од Брза помош ѝ рекол дека нема што да направи и дека поради ситуацијата […]

Заев: Извесно дека ќе има вето од Бугарија, но сепак очекувам крик на пријателство

ноември 15, 2020

Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев. Тој нагласува дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од бугарската страна – Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада. И тоа […]

Намален бројот на интервенции на Брзата помош кај лица во алкохолизирана состојба и од сообраќајни несреќи

август 23, 2020

Во периодот од јануари до јули годинава, значително е намален бројот на интервенции на лица во алкохолизирана состојба и лица повредени во сообраќајни несреќи во споредба со истиот период минатата година, што се должи на намалената фреквенција на движење и воведените мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Ова го покажуваат статистичките податоци на Службата […]

Филипче: Готова е физибилити студијата за јавно-приватно партнерство за Итната помош

јули 11, 2019

Министерот за здравство, Венко Филипче, во јавната дебата „Јавно приватно партнерство како модел на економски инвестиции” изјави дека физибилити студијата за јавно – приватно партнерство на Итна медицинска помош е завршена, пишува „Порталб.мк“. „Имаме информација од економскиот опертор дека физибилити студијата е завршена и за периодот кој следи ќе биде доставена до Министерство за здравство“, […]

Шест здравствени домови добија нови возила за итна помош

јули 4, 2019

Министерството за здравство, но и некои здравствени домови кои имаат Служба за итна медицинска помош, известија дека новите амбулантни возила веќе се во употреба, пренесува „Порталб“. Се работи за шест амбулантни возила, дел од пакетот на 12 амбулантни возила за кои беше потпишан тендер во декември 2018 година, и кои требаше да бидат распределени во […]

Итната помош доби 12 нови возила – 6 од нив се за Скопје

април 18, 2019

Министерство за здравство информираше дека капацитетот на Итната помош е зајакат со 12 нови возила. „Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив. Инаку, при набавката на амбулантните возила Министерството […]

Нови вработувања во скопската Итна помош по претседателските избори

март 12, 2019

Пополнувањето на медицинскиот персонал на Итната медицинска помош при Здравствениот дом Скопје, се очекува по завршување на претседателските избори, иако досега беа распишани два конкурса. Портпаролот Шпреса Асани за „Порталб.мк“, информираше дека ќе има седум нови вработувања во Здравствен дом Скопје, а во нив и нов кадар за Итната помош. – Имаше два конкурса за […]

Пет нововработени лекари во велешката Итна помош

февруари 25, 2019

Министерството за здравство вчера се пофали дека во Службата за итна медицинска помош во Здравствен дом Велес се вработени нови пет лекари. „Елеонора, Марјан и Сања се тројца од петте нововработени лекари во Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот Дом Велес. Задоволни од условите за работа, практичните вештини и можностите за напредување, тие учат […]

Медицинските сестри немаат сигурно работно место дури ни во Итна помош

декември 20, 2018

Освен физички напади, персоналот на службата за Итна медицинска помош во Македонија се соочува и со уцени, со проблемот на недостиг на униформи и имаат низок бенефициран стаж. Сите овие случаи, според една медицинска сестра вработена во Здравствен дом – Скопје, чиј идентитет е познат на редакцијата на „Порталб“, се резултат на незадоволство на граѓаните […]

Лекарската комора без став за моделот на приватизација на Итната помош

декември 17, 2018

Една од најстарите организации и претставник на лекарската фела во Македонија, Лекарската комора нема став за тоа дали е подобро да се приватизира Итната медицински помош, пренесува „Порталб.мк“. „Прво не знаеме дали ќе се приватизира, затоа и немаме став за ова прашање. Треба да видиме кој ќе ја изврши физибилити студијата, затоа и не се знае дали […]

За набавка на амбулантните возила, Филипче се повикува на стандард кој не постои

ноември 30, 2018

Набавката на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош, и дистрибуција на шест од нив само во Скопје, е врз основа на критериумот дека „за 50 илјади жители треба да има едно амбулантно возило“. За овој критериум, Министерството за здравство и медиумите се повикуваат на Светската здравствена организација (СЗО), но никој не го објави документот […]

Министерство за здравство ја испитува можноста за приватизација на Брзата помош

ноември 9, 2018

Министерството за здравство со физибилити студијата ќе ја испитува можноста за правење на јавно-приватно партнерство за услугите „Брза помош“ и „Домашна посета“. „Тендерот кој е распишан од страна на Министерството за здравство е отворен на 3 ноември и прибирањето на понудите трае до 14 ноември. Оваа набавка се однесува на прибирање понуда за изработка на физибилити студија и […]

Автомеханичарите против замената на амбулантните возила според километражата

ноември 9, 2018

Со цел да се избегне ситуацијата возилата на Итната медицинска помош (ИМП) во Македонија да се расипуваат секојдневно, Министерството за здравство предвидува нов правилник, според кој овие возила ќе се сервисираат и заменуваат зависно од бројот на поминати километри.  Со овој критериум на Министерството не се согласуваат автомеханичарите, бидејќи според нив, критериум за замена и […]

Скопјанец дивеел пред Брза помош во Чаир оти не му се јавувале на телефон

ноември 17, 2017

Гневен на лекарот и на сестрата во единицата на Брза помош во поликлиника Чаир, кои не одговориле на телефонските повици, скопјанец вчера дошол пред вратата, удирал по неа, се заканувал на сестрата, а потоа го влечел докторот и му се заканувал дека ќе го убие ако нешто се случи на неговата внука. Е.С., заедно со неговиот […]

Девојче од Гостиварско починало во возило на брза помош

јуни 12, 2017

Девојче на 15-годишна возраст вчера починало додека со возило на брза помош било пренесувано од Медицинскиот центар во Гостивар кон Ургентен центар во Скопје, соопшти МВР. При приемот на телото во Ургентен центар била констатирана смрт, а на него немало траги на насилство. Причините за смртта ќе се утврдуваат допрва, информира МВР. Девојчето од гостиварското село […]

Надлежната комисија не нашла пропусти во случајот со починатите во брзата помош

март 30, 2017

Комисијата за стручен надзор на Министерството за здравство тврди дека немало лекариски пропусти во лекувањето и при транспортот на двајцата пациенти од Крива Паланка, кои, кон средината на овој месец, починаа во возило на брза помош на кое му откажаа сопирачките, пренесува „Телма“. Комисијата беше формирана од Министерството за здравство за да го испита случајот. […]

Страна 1 од 2