fbpx

Порталб: Брзата помош во Тетово не асистирала поради состојбата со Ковид-19, институциите го негираат случајот

-

Жителка на Тетово достави до „Порталб.мк“ факти кои го докажуваат нејзиното лошо искуство, како оштетена страна во овој случај, со лекар од Брзата помош во Тетово. Тетовчанката Л.В. пред четири дена имала потреба од лекарска помош во нејзиниот дом, додека докторот од Брза помош ѝ рекол дека нема што да направи и дека поради ситуацијата со Ковид-19, не може да оди и да ѝ пружи помош. Конкретен одговор за случајот нема ниту од Клиничката болница во Тетово ниту од Министерството за здравство, пишува „Порталб.мк“.

Како што објавува порталот на албански јазик, станува збор за Л.В., која објаснува дека нејзината мајка има сериозно заболување, рак на белите дробови.

„Мајка ми е болна веќе 10 години, моментално прима антиканцерогена терапија за карцином на бели дробови, консумира и други лекови. Терапијата ја заморува и мачи многу, имунитетот и е ослабен и има висок крвен притисок, па затоа терапијата ја мачи многу“, вели таа за Порталб.

Откако поминале седум дена од последната терапија на родителот на Л.В., а според неа, терапијата има негативно влијание врз силата и општото здравје на мајка ѝ бидејќи се работи за тешка терапија, мајка ѝ се разбудила во 5:00 часот наутро со треска и големи болки во телото.

„Во неделата, на 15 ноември, мајка ми се разбуди со треска и големи болки во телото, дејствував колку што знам од медицината, не знаев од каде дојде треперењето“, вели Л.В.

Како што објаснува понатаму, веднаш потоа се јавила во Брза помош во Тетово, и разговарала со еден од дежурните лекари, чие име Л.В. не го знае.

Докторот ѝ посочил дека треба да ја однесе мајка ѝ во болница, но таа одбила потенцирајќи дека жената има болки и не може да се движи. На тоа докторот, како што вели Л.В., рекол дека поради ситуацијата со ковид-19 екипите не можат да дојдат во домашна посета.

Потоа, според Л.В., таа побарала совет што да прави, на што докторот препорачал бедоксин. Но, како што вели ќерката за Порталб.мк, не можела да администрира бедоксин бидејќи мајка ѝ е многу слаба и користи масло од канабис.

Откако докторот, наводно, повторно одбил да дојде, Л.В. рекла дека ќе го информира директорот на болницата. На ова докторот се пожалил дека нема кому да ја остави болницата, а ако веќе му се јавува на директорот, како што пишува Порталб.мк, ѝ порачал на Л.В. да му каже да донесе 4 екипи.

Фотографија од повикот на Л.В. кон Брза помош во Тетово

Кога новинарите на „Порталб.мк“ ги контактирале надлежните во Клиничката болница во Тетово тие негирале дека имало таков случај, додавајќи дека ќе ја разгледаат оваа жалба.

„Досега не сме имале такви случаи, но во секој случај ќе ја разгледам оваа жалба, пациентите се еднакви без оглед на ситуацијата, секој пациент што ќе ја побара наша помош во зависност од ситуацијата подоцна или порано, ќе ја добие потребната нега“, рече за овој случај, Африм Алиу, лекар во Брза помош, Тетово.

За овој случај не се информирани ниту од Министерството за здравство, кои одговорија генерално дека посети во домовите на пациентите се вршат редовно.

„Од Центарот за здравство во Тетово нè информираа дека домашните посети се вршат редовно и сé што е препишано од специјалисти и матични лекари, се врши на време“, велат од Министерството за здравство.

Пред една недела, ќерката на пациентката од Штип која почина од ковид-19, на Фејсбук објави скриншоти од нејзиниот телефон, каде се гледа дека пациентката која била хоспитализирана 2 дена, упорно од болничкиот кревет, испраќала до медицинските сестри дури и смс пораки дека ѝ треба кислород, но според сликите на екранот, никој не ѝ одговорил, ниту дошол, по што таа починала. Според ќерката, пациентката немала претходно заболување, додека во инфективното одделение се лекувала од 6 ноември.

За овој случај во тек е истрага од надлежните органи во Клиничката болница во Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...