fbpx

Опожарен бугарскиот Културен центар во Битола, обвинителството издаде наредба за истрага

-

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, извршија увид во објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, каде во раните утрински часови се случи пожар.

„Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење. Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти“, наведено е во соопштението на Обвинителството.​

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осуди, како што соопштија, актот на намерно палење на влезот на Културниот центар „Иван Михајлов“.

„Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин“, наведено е во реакцијата на МНР.

Културниот центар „Иван Михајлов“ беше свечено отворен во средината на април. На церемонијата присуствуваше бугарскиот премиер, Кирил Петков и цела делегација од државниот врв на Бугарија. За време на отворањето значителен број граѓани излегоа во центарот на Битола изразувајќи револт против отварањето на Културниот центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...