fbpx

Приведен Скопјанец, криумчарел мигранти од Куба

-

Синоќа околу 20.00 часот на влезот за с. Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во „пежото“ со скопски регистарски таблички кое управувал 42 годишниот скопјанец биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.

Мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведено е во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски го откажа брифингот во американскиот Сенат поради финансиската помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажа брифингот со пратениците од американскиот Сенат поради ќорсокакот околу идната финансиска помош на САД за Украина, пишува Би-би-си. Виртуелните настапи во американскиот Сенат и...