петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Москва | 144 резултати

Русија се потсмева на Урсула фон дер Лајен додека ЕУ се откажува од користење на замрзнатите средства

декември 19, 2025

Григориј Карасин, претседател на комисијата за надворешни работи во горниот дом на рускиот парламент, напиша на Телеграм „засега, преовладува меѓународното право, а не Урсула фон дер Лајен“. Падот на ЕУ беше „умерено охрабрувачки знак“, додаде тој. „Остатоци од цивилизираниот пристап кон финансиските традиции ги спречија оние кои ја туркаа ситуацијата кон голем колапс“

Сојузниците на Украина ќе одржат разговори за мировниот план на Белата куќа на Г20

ноември 22, 2025

Во пресрет на разговорите на Г20, Сер Киер изјави дека собраните лидери ќе „ја дискутираат тековната понуда што е на маса и, во поддршка на настојувањата на претседателот Трамп за мир, ќе разгледаат како може да се зајакне овој план за следната фаза од преговорите“

Москва усвои закони за зајакнување на одбраната од украински напади

ноември 19, 2025

За да се зајакне заштитата на критичната инфраструктура, рускиот претседател претходно овој месец тивко потпиша декрет со кој се овластува распоредување на резервисти за обезбедување на клучни локации, вклучувајќи ги рафинериите кои постојано се погодени од украински беспилотни летала

Русија сè повеќе ги таргетира возовите и целата железничка мрежа во Украина во новите напади

ноември 15, 2025

Олексиј Кулеба, заменик-премиер одговорен за инфраструктурата, рече дека нападите врз мрежата од почетокот на 2025 година предизвикале штета во вкупна вредност од 1 милијарда долари

Милиони Украинци волонтираа да ја бранат државата, не се ни „кукли“ ни „марионети“

август 2, 2025

Дезинформацијата дека Украинците се западни „кукли“ е комбинирана со дезинформацијата дека самиот претседател Володимир Зеленски е „кукла“ на Западот – „марионета“. Целта на ваквиот наратив е да се ослабне украинскиот суверенитет и да се сугерира дека Украина нема вистинска власт и автономија. Исто така, со ваквиот наратив се цели да се ослабне домашната поддршка во […]

Русија тврди дека соборила 96 украински дронови

мај 26, 2025

Руското Министерство за одбрана соопшти во понеделникот дека противвоздушната одбрана соборила 96 украински дронови, од кои шест над московскиот регион, јавува Ројтерс. Руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, информираше дека поради ситуацијата привремено биле прекинати летовите на аеродромите Домодедово и Жуковски во Москва.

Зеленски повика на дополнителни санкции врз Русија по најновиот напад врз Киев

мај 24, 2025

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни санкции можат да ја принудат Русија да прифати примирје, по нападите на руски дронови и ракети врз Киев во кои беа повредени 15 лица, пренесе „Н1“. „Само дополнителни санкции насочени кон клучни економски руски економски сектори ќе ја принудат Москва на примирје”, напиша Зеленски на „Икс“. […]

„Правфонд“ финансирал руска пропаганда во Европа и на Балканот, открива меѓународно истражување

мај 24, 2025

Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што му припаѓаат на „Правфонд“. Потоа тие материјали биле доставени до 28 медиуми во различни држави преку Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), […]

Парада на победата во Москва: Кога Путин говори за правда и праведност

мај 16, 2025

Путин авторитарно владее со Русија четвртина век, а на деветомајската Парада на победата има говорено 22 пати (говор на парадата стандардно држи претседателот на Русија, па Путин тоа не го правеше од 2008 до 2011 г. кога беше нејзин премиер). Низ тие негови говори провејува пропаганда, што важи и за оној последниот, но некои аналитичари […]

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

мај 13, 2025

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат разбирање, пренесува „Н1“. По разговорот со претседателoт на Европскиот совет, Антониo Кошта, Вучиќ на прес-конференција рече дека е задоволен од средбата и дека на […]

Русија ја одржа парадата по повод 80-годишнината од Денот на победата на Црвениот плоштад

мај 9, 2025

Русија ја одржа парадата по повод 80-годишнината од Денот на победата со голема воена демонстрација на Црвениот плоштад, додека претседателот Владимир Путин пречека низа светски лидери во знак на воено пркосење и меѓународна поддршка, повеќе од три години од почетокот на целосната инвазија врз Украина, пренесува Москва Тајмс. На прославите во Москва присуствуваа над дваесет […]

Вучиќ и Фицо во антизападните наративи: „Најдолгиот пат“ на најдобрите руски пријатели

мај 9, 2025

„Најдолгиот пат“ на Вучиќ до Москва беше нашироко пренесуван во македонските медиуми, речиси од час во час. Кога станува збор, пак, за словачкиот премиер Фицо, домашните медиуми го истакнуваат неговиот „пркос наспроти заканите од Европската Унија“, нарушувајќи ја заедничката надворешна политика на Унијата кон Русија и нејзината целосна инвазија врз Украина последниве три години   […]

Авионот на Вучиќ откако слета во Баку, го продолжи летот кон Москва

мај 7, 2025

Авионот со кој претседателот на Србија, Александар Вучиќ, патуваше за Москва за да присуствува на одбележувањето на Денот на победата, 9 Мај, слетал во Баку, Азербејџан, и по добивањето на дозвола за прелет, го продолжи патот кон руската престолнина. Податоците од „Flightradar24“ покажуваат дека авионот од типот „Ембраер“ денеска полетал од аеродромот во Белград и […]

Пропагандниот наратив од Москва беше насочен кон „нацистичката ЕУ“

мај 4, 2025

Серија пропагандни пораки од Кремљ што беше интензивна на почетокот и средината на април ги насочи дезинформациите на социјалните мрежи, пред сè на Фејсбук на македонски јазик, врз ширење на рускиот дезинформациски наратив дека ЕУ е нацистичка творба, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост. Обвинувањата беа насочени кон три цели: стандардно врз […]

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

мај 2, 2025

Воената парада во Москва по повод Денот на победата 9 Мај и списокот на најавени и потврдени гости, наспроти предупредувањето на Европската комисија дека овој настан е класична руска пропаганда која се обидува да ја оправда руската воена инвазија врз Украина и нејзина „денацификација“, изминативе денови продолжува да биде топ-тема во домашните медиуми и кај […]

Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

мај 1, 2025

Не е првпат пропагандата на Кремљ да ја прикажува Русија како заштитник на традиционалните и семејни вредности, како „чиста“ и единствено „нормална“ земја, за разлика од европските градови во кои доминира насилството, ЛГБТ доктрината, муслиманите и слично. Оттука и се вперува прстот кон Западот како „уништувач на традиционалните вредности“. Мит е дека Западот сака да […]

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

април 27, 2025

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро документирани во базата на податоци EUvsDisinfo од 2015 година. Таму, на пример, се тврди дека Молдавија е управувана од фашисти, а, исто така, и […]

Руски офицер загина во експлозија на автомобил во Москва пред посетата на претставникот на Трамп

април 25, 2025

Висок руски воен функционер е убиен во експлозија на автомобил во близина на Москва, само неколку часа пред средбата во Кремљ меѓу Владимир Путин и специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, пренесе „Гардијан“. Станува збор за офицерот Јарослав Москалик, заменик-шеф на главниот оперативен директорат на Генералштабот на руските вооружени сили. Експлозијата, како што пренесува […]

Страна 1 од 7