Пукање и експлозии во Москва: Напаѓачи упаднаа во концертна сала, голем број мртви и ранети

Дописникот на Би-Би-Си од Москва јавува дека вечерва требало да се одржи концерт во салата „Крокус сити хол“. Напаѓачите влегле во фоајето на преполната сала и отвориле оган врз цивилите

-

Странските агенции објавуваат за стравотен терористички напад каков што со години не е виден во Русија. Дописникот на Би-Би-Си од Москва јавува дека вечерва требало да се одржи концерт во салата „Крокус сити хол“. Напаѓачите влегле во фоајето на преполната сала и отвориле оган врз цивилите.

Оттаму додаваат дека напаѓачите на концертната сала биле облечени во воени униформи.

Информациите за загинати се различни, а бројките се движат околу 40 загинати. Сè уште нема официјални информации. Пукањето се случило пред почетокот на концертот на групата Пикник.

Градоначалникот на Москва во својата прва реакција изјави дека се случила страшна трагедија.

„Во трговскиот центар Крокус Сити денеска се случува страшна трагедија“, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додавајќи дека повредените за време на инцидентот ќе ја добијат потребната помош.

Како што јавува ОСИНТ, „стотици, ако не и илјадници руски полицајци, војници, пожарникари и болничари сега пристигнаа во концертната сала ‘Крокус’ во главниот град Москва како одговор на првичниот терористички напад и големиот пожар што се чини дека произлезе од нападот“.

Инаку, Американската амбасада во Русија пред две недели, на 7 март, издаде безбедносно предупредување до граѓаните на САД, барајќи од нив „да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“.

Амбасадата, исто така, соопшти дека „ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови за напад на големи собири во Москва, вклучително и концерти“.

Според амбасадата, Американците во Москва треба да избегнуваат големи толпи и да ги следат локалните медиуми и да бидат свесни за сè што се случува во нивната непосредна околина.

Платформа – Антикорупција: Одговорноста е клучна и никој не треба да биде изземен од неа

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и изразува искрени желби за побрзо закрепнување на повредените. „Пожарот во...

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат...

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190...

Аеродромот Хитроу е затворен поради пожар кој избувна во трафостаница што предизвика прекин на струјата

Британскиот аеродром Хитроу од утрово е целосно затворен откако пожар предизвика прекин на струјата, нарушувајќи летови за илјадници патници на најфреквентниот европски транспортен центар, пренесува Асошиејтед Прес. Според сервисот за следење летови...

Платформа – Антикорупција: Одговорноста е клучна и никој не треба да биде изземен од неа

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и изразува искрени желби за побрзо закрепнување на...