Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава

По падот на коалициската влада на Бугарија, предводена од Кирил Петков, на која вчера ѝ беше изгласана недоверба, во официјална Софија треба да уследат консултации на бугарскиот претседател Румен Радев со парламентарните групи пред да реши на која партија или коалиција ќе го врачи првиот мандат за составување нова влада, а тоа би требало да биде „Продолжуваме со промената“...

Ковачевски: Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево преку Фејсбук се огласи во врска со францускиот предлог за тргање на блокадата на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Тој уште еднаш потврдува дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки. Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, Ковачевски посочува...

Сарацин: Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации

Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации, и тоа можеби е уште едно стратешки отворено прашање за нас. Ова во интервју за Дојче веле го вели Мануел Сарацин, специјалниот претставник на германската влада за Западен Балкан, кој бара напредок во ЕУ проширувањето кон регионот. „Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации, и тоа можеби е уште...

Петков инсистира „францускиот предлог“ да помине во парламентот па потоа да се одлучува за ветото

Бугарскиот премиер Кирил Петков не го прифати предлогот на поранешниот премиер Бојко Борисов, владата на Бугарија да го одобри „францускиот предлог“ за кревање на ветото за Северна Македонија пред да помине расправата во парламентот. Претходно, Борисов, кој пред околу две години го постави ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, денеска најави дека пратениците на ГЕРБ ќе...

Францускиот предлог за кревање на ветото за Северна Македонија попладнево ќе се разгледува во бугарскиот парламент

Во 15 часот по бугарско време (14 часот по македонско), треба да почне седницата на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент на која што ќе се разгледуваат протоколите договорени меѓу Бугарија и Северна Македонија, што е еден од последните чекори пред најавеното кревање на бугарското вето. Потоа на пленарна седница тие треба да се одобрат, односно ќе се направи...

Медиапул: Теодора Генчовска ги крие од граѓаните на Бугарија документите за преговорите со Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија (во оставка) Теодора Генчовска (од партијата „Има таков народ“) продолжува да го одолговлекува процесот за излегување од кризата со Северна Македонија. Таа го доставила двостраниот протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија до бугарскиот парламент, но му дала статус „доверливо“ и сега тој не може јавно да се разгледува, пишува бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Од...

[Инфографик] Македонија втора во Европа по процентот на вработени во дејноста „комар и обложување“

Земјава во 2019 година според процентот на вработени во дејностите коцкање и обложување од вкупниот број вработени, е на неславното второ место во Европа, веднаш зад Малта, со 1,31 отсто од вкупниот број вработени. Според податоците на Евростат, во споредбата со земјите членки на ЕУ, но и Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција и Обединетото Кралство, во 2019 земјава...

Две години се одолговлекува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, Вардар останува загаден

„Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година“ е насловот на текстот на Мета.мк објавен на 27 ноември 2019 година во однос на изведбата на капиталниот проект што треба да го реши проблемот со загадувањето на водите на реката Вардар во главниот град. Од крајот на 2019 година до денес, најдовме барем неколку...

Дебата на ИДСЦС и ЕПИ: Македонија да се воздржи од отпочнување преговори со ЕУ по секоја цена

Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска во Јавна соба го презентираа документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“ Документот го презентираа претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски и директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска. Трошановски истакна дека целта на документот е да го изостри фокусот во јавноста дека зад флоскулата „за идентитетот не...

Прекинување на ветото или бугаризација до недоглед?

Најчесто се воздржувам од коментари на непотврдени документи. Меѓутоа, во случајов се работи за објавени предлози на документи (од страна на 360 степени) кои се многу значајни за Македонија. Тоа се делови од предложените заклучоци на Советот за општи работи на ЕУ кои се однесуваат на Македонија, кои би требало да се најдат на масата на Советот за општи...

Европската комисија препорача Украина и Молдавија да станат кандидати за членство во ЕУ

Европската комисија (ЕК) денеска предложи Европската унија да им даде кандидатски статус на Украина и Молдавија, но не и на Грузија. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција во Брисел му предложи на Европскиот совет да им се даде европска перспектива на Украина и Молдавија, под услов земјите да исполнат низа на важни реформи за да...

Бујар Османи на средба со Габриел Ескобар, разговарале за европската перспектива на земјава

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на Преспа форумот за дијалог во Охрид, се сретна со заменикот-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На средбата присуствувале и амбасадорот Мајкл Карпентер, постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери...

Ковачевски: Досега нема предлог со услови за почеток на преговорите со ЕУ, подготвени сме за интеграција врз основа на европски вредности

„Ние немаме добиено предлог за деблокирање на проширувањето на ЕУ кое вклучува решенија што произлегуваат од нашите разговори со Бугарија којшто е усогласен со сите земји членки на ЕУ“, истакна премиерот Ковачевски како одговор на новинарско прашање во рамки на Преспа форумот за дијалог. Ковачевски посочи дека во разговорите со Бугарија пристапот за изнаоѓање на достоинствено решение коешто ќе се...

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите, врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година, нагласил премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во рамките на Преспа форумот за дијалог. На средбата присуствувале вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и...

МО на Бугарија: Русија со хибридни напади против евроатлантската интеграција на Западен Балкан

Русија врши хибридни дејствија против евроатлантската ориентација на Бугарија и саботирање на исполнувањето на националните ангажмани во НАТО и ЕУ, оценува бугарското Министерство за одбрана во извештајот за состојбата на одбраната во текот на минататата година, известува бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Во извештајот што бил разгледан во Владата и треба да влезе во парламентарна процедура, Министерството за одбрана (МО) на...

Костдиновска-Стојчевска во Брисел: Младите во фокусот на ширење на културата преку ЕУ проекти

Младите таленти ќе ја промовираат културата и ќе го негуваат културното наследство преку добрата практика на транснационалната културна соработка меѓу Република Северна Македонија и Европската комисија, се согласија министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска и генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, кои се сретнаа во Брисел, Белгија. Соработката ќе продолжи и во...

Канцеларска посета и регионален самит

На крајот на француското претседателство, германскиот премиер одбра да го посети Балканот. И тоа не само „Западниот“ Балкан, туку и Бугарија, но и да присуствува на Самитот на државите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун - Грција. Да се потсетиме – овој процес е најстарата регионална иницијатива (од 1996 година), чија институционална поддршка е подоцна...

Шолц: Северна Македонија ги исполнува сите предуслови и заслужува пристапни преговори

„Северна Македонија ги исполнува сите предуслови за отпочнување на пристапни преговори и јас ќе се заложам првиот чекор да се случи што побрзо“, истакна канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц на заедничка прес конференција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски, за време на неговата еднодневна официјална посета на С. Македонија. Германскиот канцелар истакна дека Западен Балкан за Германија има...

За помалку електричен отпад, ЕУ ќе бара еден универзален полнач за сите паметни телефони

Законодавците во Европската Унија постигнаа договор што ќе ги „принуди“ производителите на паметни телефони, сите идни уреди продадени во ЕУ да бидат опремени со универзален жичен полнач од типот USB-C, јавуваат светските новински агенции. Правилото ќе важи и за другите електронски уреди вклучувајќи таблети, дигитални камери, слушалки, рачни конзоли за видео-игри, звучници и електронски читачи. Договорот треба да почне да се...

Порталб: Центрите за социјална работа активно работат, документацијата за давање помош е намалена

Центрите за социјална работа функционираат согласно измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита од мај 2019 година. Принципот на менаџирање на случаи се имплементира, менаџерите ги водат случаите според територијален принцип за семејствата кои остваруваат права од областа на социјалната заштита и заштитата на децата, но исто така и услуги согласно законот, велат од Министерството за труд и...

Труење, нелегална трговија и убивање се најголемите закани за дивиот свет во земјава

Незаконскиот отстрел на дивеч, користењето на примки, мрежи и стапици за фаќање диви животни, труењето и незаконската трговија со диви видови се најчестите случаи на криминал врз дивиот свет...