fbpx

Ковачевски: Досега нема предлог со услови за почеток на преговорите со ЕУ, подготвени сме за интеграција врз основа на европски вредности

-

„Ние немаме добиено предлог за деблокирање на проширувањето на ЕУ кое вклучува решенија што произлегуваат од нашите разговори со Бугарија којшто е усогласен со сите земји членки на ЕУ“, истакна премиерот Ковачевски како одговор на новинарско прашање во рамки на Преспа форумот за дијалог.

Ковачевски посочи дека во разговорите со Бугарија пристапот за изнаоѓање на достоинствено решение коешто ќе се базира на европските вредности и од страна на владејачката коалиција во ниту еден момент овој процес не бил политизиран и инструментализиран за дневно политичка употреба и добивање на еднократни политички поени.

Во однос на отпочнување или неотпочнувањето на преговори, Ковачевски смета дека дека не треба да се врзуваме за датуми бидејќи изнаоѓање на решение, според него, најмалку зависи од нас во овој момент. Тој објаснува дека Северна Македонија има четири последователни позитивни извештаи од ЕУ и 45 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ, и во одреден број на поглавја земјата има поголема усогласеност од земји кои веќе ги имаат отпочнато преговорите со ЕУ.

„Ние нема да се откажеме со оглед на тоа што ЕУ е стратешка цел на нашата држава исто како што стратешка цел беше зачленувањето во НАТО која ја остваривме. Ние сме комплетно подготвени за процесот на преговори и сега зависи од согласноста на сите земји членки тој процес да отпочне, а разговорите со Бугарија можат да продолжат врз основа на европски вредности и врз основа на одредбите од договорите со кои е формирана ЕУ“, рече Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...