fbpx
Таг: авион

таг: авион

Грчкото воздухопловство тврди дека никој не го следел авионот на Ердоган

Според извори од грчкото воено воздухопловство, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не го прогонувале воени авиони за време на обидот за државен удар минатата недела. Ердоган тврдеше дека „избегнал смрт за само неколку минути“, откако, наводно, неговиот авион го пресретнале воени авиони „ф-16“ кои биле под контрола на пучистите. Во турските медиуми објавени се приказни дека пилотот на авионот на Ердоган...

Турската полиција врши претрес во базата на НАТО, Инџирлик

Во тек е рација на турската полиција и на обвинителите во Инџирлик, воздушната база на НАТО близу градот Адан, во која се наоѓаат повеќе од 1.500 американски војници, јавуваат „Си-ен-ен Турк“ и агенцијата „Анадолија“. Оваа база два дена беше затворена, а наводно властите во тој период ја прекинале и струјата поради сомнеж дека одредени учесници во државниот удар против претседателот Реџеп...

Откажани утринските и вечерните летови Истанбул – Скопје и Скопје – Истанбул

На веб-страницата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, објавено е дека се откажани утринските и попладневните слетувања и полетувања на авионите на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул за Скопје и од Скопје за Истанбул. Откажан е летот од Скопје за Истанбул ТК 1004 за утрово во 9.25 часот на „Туркиш ерлајнс“, како и слетувањето на авионот од Истанбул за Скопје...

Вонредна состојба на летот Лондон – Чикаго

Авион на американскиот авиопревозник „Јунајтед ерлајнс“ на летот од Лондон за Чикаго прогласи вонредна состојба и принудно ќе слета на аеродромот во Единбург. Засега не е познато која е причината за вонредната ситуација, која настанала околу еден час по полетувањето, пренесува британски „Мирор“. „Боинг 767“ на летот 929, кој утринава полета од лондонскиот аеродром „Хитроу“, во моментов се подготвува за слетување во...

Со лажна лична карта сакал да полета од охридскиот аеродром

Државјанин на Албанија, од градот Елбасан, се обидел со лажна лична карта да се качи во авион на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој патувал за Англија, соопшти СВР Охрид. Поради постоење на основан сомнеж за дека фалсификувал исправа, Секторот за гранични работи-регионален центар Запад, поднел кривична пријава, против албанскиот државјанин А.Л.(23), кому му е одреден и притвор. Осомничениот со авион...

Турција подготвена да ѝ плати отштета на Русија за соборениот воен авион

Откако Турција ѝ се извини на Русија за соборувањето воен авион во ноември мината година, најави и дека ќе го исполни и второто барање на Москва и ќе плати отштета за авионот. Турскиот премиер Бинали Јулдирим за турската телевизија ТРТ потврдил дека Анкара ќе ја плати отштетата за соборениот авион од типот „сухој су-24“ и најавил дека наскоро ќе се нормализираат односите...

Авион со 241 лице се запали по принудното слетување во Сингапур

Авион на „Сингапур ерлајнс“ принудно слетал на аеродромот во Сингапур, неколку мунити по полетувањето. Пилотите одлучиле да се вратат на аеродромот по предупредувањето за ниско ниво на масло во моторот. Веднаш по слетувањето, настанало вистинска драма, откако десниот мотор на авионот се запалил. Благодарение на интервенцијата на пожарникарите, спречена е трагедија и никој не е повреден. Во моментот на избивање на пожарот,...

Второ прскање против комарци

Второто авионско прскање против ларви од комарци ќе се реализира в четврток, од 6 до 12 часот, и притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и водни површини во градот Скопје и во неговата околина, како и текот на реката Вардар, информираат од Град Скопје. Втората терестрична дезинсекција ќе се случи в понеделник, од 9 до 17 часот, и ќе...

Авион се урна на аеродром во Тенеси, две лица загинаа

Две лица загинаа во пад на мал авион во Тенеси, а две лица се повредени во инцидентот, пренесуваат американските медиуми. Авионот се урнал во градот Колиџдејл, соопшти портпаролката на службата за итни случаи, Ејми Максвел. Таа додаде дека двајцата повредени се пренесени со авион во медицинскиот центар „Ерлангер“. Едно лице е во критична состојба.

Египетски авион принудно слетал поради дојава за бомба

Авион на египетската компанија „Иџипт ер“ на летот од Каиро за Пекинг принудно слетал во Узбекистан поради дојава за бомба. Сите 135 патници и 17 членови на екипажот се евакуирани од авионот, а полицијата и спасувачките служби ја пребаруваат внатрешноста на леталото. Авионот слетал на аеродромот во градот Иргенш, кој е на околу 840 километри оддалечен од престолнината Ташкент. Безбедносните агенти на...

Русија сè уште чека извинување од Турција за соборувањето на „су-24“

Властите во Москва сооштија дека Анкара треба да се извини за соборувањето на рускиот авион „су-24“ на границата со Сирија. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изрази жалење поради тоа што Анкара сè уште не презела мерки против агресивниот чин. Билатералните односи на двете земји се влошија откако Турција го собори рускиот бомбардер „су-24“ над Сирија, тврдејќи дека авионот навлегол во турскиот воздушен...

Пронајдена црната кутија на „Египет ер“

Француските истражувачи потврдија дека е пронајдена црната кутија на авионот „Египет ер“ кој минатиот месец се сруши со 66 патници и членови на екипажот. Египетскиот истражен комитет наведе дека потрагата по црната кутија се интензивирала и дека се очекува до крајот на неделата да се вклучи уште еден брод. Претходно египетски официјални лица објави дека француска морнарица примила сигнал од длабочината на...

Француска подморница пронајде сигнал за кој се верува дека е од „Египет ер“

Француската подморница успеа да детектира сигнал во длабочините на Средоземно Море и се претпоставува дека се работи за црната кутија на паднатиот авион „Египет ер“. Авионот падна минатиот месец, а во него се наоѓаа 66 патници и членови на екипажот кои не успеаја да ја преживеат трагедијата. Официјални лица од Египет наведоа дека сигналот го детектирала француската подморница „Лаплас“ како и...

Дојава за бомба во авион на „Туркиш ерлајнс“

Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека поради дојава за бомба, темелно е пребаран авионот кој од истанбулскиот аеродром „Кемал Ататурк“ требал да полета за турскиот град Кајсери. По истрагата утврдено е дека дојавата била лажна. Авионот на летот ТК2014 со 133 патници се подготвувал да полета кон Кајсери, кога на екипажот му било наредено да го врати авионот за да му биде...

Египет со подморница ги бара црните кутии од урнатиот патнички авион

Египетските власти ангажирале подморница во потргата по црните кутии со податоците за летот на авионот на „Египет ер“ кој во четвртокот се урна во Средоземното море, пренесуваат медиумите. „Работиме напорно за да ги најдеме двете кутии“, изјавил египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси, во неговиот прв коментар во врска со несреќата, пренесува „Би-би-си“. Египетскиот министер за цивилна авијација, како што пренесува...

Авион на релацијата Париз-Каиро исчезна над Средоземно море

Авион на компанијата „Eгипет ер“ кој во средата навечер полетал од Париз за Каиро исчезнал од радар над Медитеранот, соопшти утринава египетската авиокомпанија. Во авионот имало 66 патници, меѓу кои и три деца и 10 членови на екипажот. Од египетскиот патнички авион, кој исчезнал за време на летот над Средоземното море, бил примен сигнал во 4 часот и 26 минути...

Исламска држава киднапираше сириски пилот

Припадниците на Исламска држава тврдат дека го киднапирале пилотот на сирискиот воен авион што се урна во предградие на Дамаск. Агенцијата „Ројтерс“ јавува дека пилотот Азам Еид од градот Хама е заробен откако со падобран се спуштил недалеку од местото каде што се срушил авионот. Претходно, припадници на бунтовниците објавија дека сирискиот воен авион „миг-23“ паднал во делот кој е контролиран од припадници на...

Заврши заложничката драма на аеродромот на Кипар

Уапсен е киднаперот на авионот на египетската компанија „Египет ер“, кој го пренасочил авионот на летот од Александрија до Каиро, до аеродромот Ларнака, на Кипар, соопшти кипарското министерство за надворешни работи. Египетскиот премиер Ибрахим Махлаб рече дека властите ќе го испитаат киднаперот со цел да ги откријат неговите мотиви за чинот, додавајќи дека киднаперот барал средба со „ЕУ преставници и...

Објавена фотографија од киднаперот на авионот

Киднаперот на авионот на компанијата „Египет Ер“ со околу 60 патници и членови на екипажот најверојатно не е терористички чин, туку зад него стојат лични мотиви, изјави претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес. Тој на прес-конференција соопшти дека мотивот на киднапирањето е поврзано со поранешната сопруга на киднаперот. - Киднапирањето има врска со неговата жена – рече Анастасиадес. Дел од медиумите пренесуваат дека киднаперот на авионот...

Ослободени поголем дел од патниците од киднапираниот авион

Речиси сите патниците од киднапираниот египетски авион на „Египет Ер“ се ослободени, освен седумтемина членови на екипажот и четворица странци, јавуваат светските медиуми. Патнички авион беше киднапиран од засегна непознато лице, јавува „Би-би-си“. Киднаперот го принудил екипажот да го приземји авионот на аеродромот во Ларнака на јужниот брег од грчкиот дел на Кипар. Според информациите, станува збор за авион од тимот „Ербас А320“ на летот МС181,...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...