fbpx
Таг: авион

таг: авион

Во Колумбија се урна авион со бразилски фудбалски тим

Авион со 81 патник и членови на екипажот кој патувал од Бразил кон Колумбија се урна во близина на градот Медељин. Во тек е акција за спасување, а дел од медиумите јавуваат дека има шестмина преживеани. Во авионот се наоѓале фудбалери на бразилскиот клуб „Шапикоенсеа“. Причината за падот сè уште се утврдува, иако постојат сомневање дека до трагедијата дошло затоа што...

„ТАВ Македонија“: Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и функционира нормално

Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и ависообраќајот се одвива нормално по синоќешното одложување на летот од Скопје за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“, соопшти „ТАВ Македонија“. Од компанијата соопштуваат дека вчера, во текот на редовната безбедносна контрола на авионот за вечерниот лет кон Истанбул, бил пронајден оставен мобилен телефон, по што била извршена дополнителна контрола и по неколку часа авионот полетал. „Поради безбедносните правила...

Авион „пајпер“ се сруши во населено место во Невада жителите евакуирани

Авион „пајпер“ се сруши во градот Елко, во Невада под засега неразјаснети околности. Според тврдењата на градските власти во него се наоѓале четири лица, а жителите од тој дел од градот биле евакуирани. Според пишувањата на сведоците на социјалните мрежи, авионот се срушил на паркиралиште и притоа предизвикал експлозија на паркираните автомобили. На местото на несреќата пристигнале полициски, противпожарни и возила...

Авионот што падна на Малта не бил ангажиран од Фронтекс

Најмалку пет лица загинаа кога мал авион се урна на Малта, а спасувачите и понатаму трагаат по преживеани. Информациите што првично се појавија во медиумите, дека станува збор за официјални лица на граничната агенција Фронтекс, се демантирани од официјални лица на Европската Унија. Тоа го потврди и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, која на „Твитер“ наведе дека немало официјални лица на ЕУ...

На Малта се урна авион на Фронтекс, пет лица загинати

Најмалку пет лица загинаа кога се урна авион полетувајќи од Малта. Се верува дека во авионот се наоѓале официјални лица на Фронтекс, граничната агенција на Европската Унија. Авионот со два пропелери, чиј капацитет бил десет патници, се урнал на пат кон либискиот град Мисрата. Спасувачите трагаат по преживеани, а националноста на жртвите сè уште не е позната. https://twitter.com/SkyNews/status/790452353090531328

Сириски воен авион падна кај Дамаск

Сириски воен авион падна северно од Дамаск, но засега не се знае дали е соборен или се урнал поради технички проблем, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Како што стои во соопштението, млазниот авион паднал на подрачјето Источен Каламун, а судбината на пилотот не е позната. Исламска држава се огласи на интернет, соопштувајќи дека урнала авион.

Бомба скриена во детска количка го урнала рускиот авион во Египет

Експерти на меѓународната техничка комисија ја соопштија причината за падот на рускиот патнички авион во Египет минатата година. Како што пишува рускиот весник „Комерсант“ повикувајќи се на извори блиски до истрагата, во руското летало била поставена бомба при што загинаа 224 патници и членови на екипажот. Стручњаците утврдиле дека терористите ја поставиле експлозивната направа во карго-делот кој се наоѓа во опашката...

Заврши обдукцијата на загинатите во авионската несреќа, ќе се утврдува идентитетот

Обдукцијата на телата на загинатите патници во авионската несреќа што се случи во близина на селото Кожле заврши, јави „Телма“. Обдукцијата покажала дека смртта настапила брзо, а жртвите имале тешки механички повреди предизвикани од падот на авионот. Роднини на загинатите патници треба да пристигнат во Скопје и со помош на ДНК-анализа ќе се утврдува идентитетот на загинатите. Во истрагата за падот на авионот, освен...

По падот на „пајперот“, теренот се снима со дрон и се врши распит на двајца италијански пилоти

Во Јавното обвинителство Скопје се врши испитување на двајца пилоти од Италија кои биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Исто така, обезбеден е дрон кој треба да изврши воздушно снимање на теренот каде што се случила авионската несреќа, информираат од ОЈО Скопје. „Во тек е увидот на местото на несреќата раководен од јавното...

Шест лица загинаа во падот на италијанскиот авион

Шест лица, од кои пет мажи и една жена загинаа во падот на авионот „пајпер“ што вчера попладне се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле. Како што објавија италијанските медиуми, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аероклубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и...

Обвинителството работи на расветлување на авионската несреќа

Јавното обвинителство презема дејства за расветлување на авионската несреќа што попладнево се случи во близина на Скопје. „По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции презема мерки за утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и за понатамошно постапување. Истовремено се прибираат податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата. Со подетални информации јавноста ќе биде дополнително...

Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион

Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион во близина на селото Кожле, Катлановско. Сè уште се трага по патниците. Авионот попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром, a неофицијално се дознава дека во авионот имало шест патници. Жителите на околните села чуле силна експлозија, по што повикале полиција. Авион со приватен комерцијален лет попладнево исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром....

Исчезнатиот авион е лоциран во близина на Велес

Авионот кој попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е лоциран во близина на Велес. Тој, според нашите информации, е сè уште во пламен, а полицијата и противпожарните екипи се на терен. Неофицијално се дознава дека во авионот имало шест патници. Жителите на околните велешки села чуле силна експлозија, по што повикале полиција. Авион на приватен комерцијален лет попладнево исчезнал од радарот во...

Исчезнал авион од радарот на скопскиот аеродром

Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром, потврдиле од МВР за „Нова“. „Нова“ дознава дека станува збор за авион кој се обраќал од Дубровник и исчезнал во близина на Скопје. Екипите на МВР се на терен и го бараат авионот.

Пронајден урнатиот швајцарски воен авион, се трага по пилотот

Остатоци од борбениот авион на швајцарските воздухопловни сили кој исчезна во понеделникот, се пронајдени на швајцарските Алпи, над кои летал во времето кога исчезнал од радарите, соопшти швајцарското министерство за одбрана, додавајќи сека сè уште трае потрагата по пилотот. Хеликоптер го лоцирал леталото, едносед „ф/а-18ц“, во околината на планинскиот превој Сустена, во Централна Швајцарија, наведува министерството, но швајцарските власти сè...

Швајцарски борбен авион исчезна над Алпите

Борбен авион на швајцарските воздухопловни сили, кој ги надлетувал Алпите, исчезнал денеска попладне, соопшти швајцарското министерство за одбрана. - Веднаш почнавме со потрага. Засега не се знае што се случува со пилотот – соопшти министерството. Авионот „Ф/А-18 Ц“ се води како исчезнат од 18.30 часот по централноевропско време во областа Систен. Во јуни годинава, двајца швајцарски ловци од типот „тигер Ф-5Е“ се...

Руски авион принудно слетал откако за време на летот починала Србинка

Авион „ербас А330-300“ кој летал на линијата Пекинг - Москва, непланирано се приземјил во Новосибирск поради смрт на една државјанка на Србија. Капетанот на авионот одлучил да го прекине летот затоа што на жената ѝ се слошило. По слетувањето на аеродромот „Толмачово“, докторите констатирале смрт на патничката, изјави портпаролката на аеродромот, Ирина Шавишина. Починатата патничка била од Ниш, родена 1959 година. Во...

САД: Авион принудно слета, 24 повредени

Најмалку 22 патници и уште двајца членови на екипажот на авионот на компанијата „Џетблу“ се повредени при силните турбуленции во леталото кои морало принудно да слета во Рапид Сири во сојузната американска држава Северна Дакота. Повредените патници се хоспитализирани, додека останатите го продолжиле својот пат со друг авион. https://twitter.com/TheAtmosk1/status/763978440462651392

Италија: Авион ја проби оградата на аеродромот во Милано и заврши на автопат

Карго-авион „боинг 737“ утринава при слетувањето на аеродромот „Орио ал Серио“ во Италија не успеал да се сопре на пистата, по што ја пробил оградата и излегол на автопатот, на кој во тој момент имало автомобили. Инцидентот се случил околу четири часот наутро во Бергамо, во близина на Милано. Авионот летал од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз. Нема повредени во...

Авион се запали при слетување во Дубаи

Авион на „Флај Емиратс“ на летот од Индија се запали при слетувањето на аеродромот во Дубаи, соопштија дубајските власти, додавајќи дека нема повредени. На фотографиите на социјалните мрежи се гледа густ чад како излегува од леталото. Станува збор за авион „боинг 777-360“, кој полетал од Тируванантапурама во Индија, објави на „Твитер“ интернет-сервисот за следење летови „Флајтрадар 24“. Портпаролот на аеродромот изјави дека...

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...