fbpx

Со лажна лична карта сакал да полета од охридскиот аеродром

-

Државјанин на Албанија, од градот Елбасан, се обидел со лажна лична карта да се качи во авион на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој патувал за Англија, соопшти СВР Охрид.

Поради постоење на основан сомнеж за дека фалсификувал исправа, Секторот за гранични работи-регионален центар Запад, поднел кривична пријава, против албанскиот државјанин А.Л.(23), кому му е одреден и притвор.

Осомничениот со авион на комппанијата „Виз ер“ сакал од Охрид да патува за Лутон, Англија, приложувајќи италијанска лична карта на име П.В., со рок на важност до 10 јуни 2022 година.

„При вршење на граничната контрола, кај полициските службеници се јавил сомнеж во валидноста на приложената документација, по што биле извршени дополнителни проверки. Притоа констатирано е дека италијанската лична карта е од оригинална хартија и ги има сите заштитни знаци, но врз неа механички е дејствувано на местото каде е поставена фотографијата, забележани се неисправности на печатот на фотографијата, имало замена на одредени бројки на личната карта кои потоа биле целосно неисправно испринтани односно бил користен обичен печатач. При преглед на багажот, пронајдена е албанска патна исправа на име А.Л. со рок на важност до 2 септември 2022 година“, соопшти СВР Охрид.

За фалсификуваната лична карта, албанскиот државјанин платил 800 евра и ја добил за три дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...