Француските истражувачи потврдија дека е пронајдена црната кутија на авионот „Египет ер“ кој минатиот месец се сруши со 66 патници и членови на екипажот.
Египетскиот истражен комитет наведе дека потрагата по црната кутија се интензивирала и дека се очекува до крајот на неделата да се вклучи уште еден брод.
Претходно египетски официјални лица објави дека француска морнарица примила сигнал од длабочината на Медитеранот и дека се претпоставува дека е од една од црните кутии.
Потрагата по остатоците на авионот, кој се урна на 19 мај се намали на површина од пет километри.