fbpx

Светски ден на достоинствена работа: Работниците се соочуваат со бројни повреди на нивните права

-

Пандемијата на ковид-19 го промени светот на работата, работниците се соочија со бројни предизвици и повреди на правата од работен однос, вклучувајќи ги и т.н. „бланко“ отказни решенија и „спогодбено“ раскинување на договорот за вработување, доведувајќи ги работниците во ситуација на невработеност и неквалификуваност за парични надоместоци.

Ова се наведува во соопштенито на МОТ, а по повод 7-ми октомври – Светскиот ден на достоинствената работа и се вели дека МОТ и Економско-социјалниот совет на Република Северна Македонија, кои најавуваат кампања за подигнување на свесноста и почитување на работничките права, која е поддржана преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од ЕУ.

„Достоинствената работа значи работа која е продуктивна и овозможува фер приход, безбедност на работното место и социјална заштита за семејствата, подобри услови за личен развој и општествена вклученост, можност луѓето слободно да ги искажат своите проблеми, да се организираат и да учествуваат во носењето на одлуките кои влијаат на нивниот живот, како и еднакви можности и третман на сите жени и мажи“, стои во нивното соопштение.

Кампањата се фокусира на едукација за законски загарантираните права и обврски кои ги штитат придобивките на достоинствена работа и има за цел да ги информира сите засегнати, младите кои се во процес на образование, вработените од сите професии, невработените, како и работодавачите.

Оттаму велат дека речиси секој работник и секој бизнис се погодени од ковид кризата. Се проценува дека намалувањето на економската активност во земјава како последица на кризата, во претходните квартали предизвика загуба на работни часови еднакви на околу 250.000 работни места.

Според анализите на Меѓународната организација на трудот, МОТ, најпогодени се малите и средните претпријатија, младите и жените. Секој четврти млад човек е вработен во еден од најтешко погодените сектори и заедно со влијанието кое кризата го има врз образованието и обуката, тоа е ризик тие да станат генерација која ќе ги сноси последиците уште долго време.

Проценките на МОТ укажуваат дека социјалниот дијалог може успешно да се искористи во првичните одговори на кризата, како двигател на економска и социјална стабилност и инклузивен раст и развој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...