fbpx

Судир на автобус и на камион во Саудиска Арабија, 15 загинати

-

Во судир на автобус и на камион во Саудиска Арабија загинаа 15 луѓе, а 60 се повредени, соопшти саудиската Црвена полумесечина.

Портпаролот на хуманитарната организација, Абдулах ел Мореибед, изјави дека сообраќајната несреќа се случила вчера на патот помеѓу главниот град Ријад и провинцијата Ел Касим и дека судирот предизвикал пожар во автобусот.

Во евакуацијата на повредените, од кои петмина се во критична состојба, учествуваа и два хеликоптери.

Не е познато како дошло до судирот, ниту кои се националностите на жртвите.

Според податоците на Министерството за здравство, сообраќајните несреќи се најчеста причина за смрт помеѓу младите во таа земја. Секој ден во Саудиска Арабија во сообраќајни несреќи умираат повеќе од 17 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...