fbpx

СЦ „Јане Сандански“ најуспешно архитектонско дело за 2014 година

-

Најдобро архитектонско дело во 2014 година е Спортскиот центар „Јане Сандански“, реши Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Спортскиот центар го изработи архитектонското студио „Радо инженеринг“, а одговорни проектанти се Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ.

„Архитектот создава дела од човекот за човекот, за сегашните, но и за наредните генерации. Оттука, архитектот е создавач и уметник, а неговата дејност е меѓу најважните во животот на луѓето и во развојот на општеството. Архитектот ги замислува и ги оформува просторот и амбиентот во кои секојдневно живееме, престојуваме и дејствуваме“, рече претседателот Ѓорге Иванов, кој ја врачи наградата во Музеј на Град Скопје.

Претседателот Иванов е покровител на оваа традиционална манифестација на доделување на годишната награда за архитектура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...