fbpx

Странци лани во земјава потрошиле над 20 милиони евра за купување од македонски е-трговци

Околу 3,6 милиони евра или 17 отсто од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2,2 милиони евра или 10 отсто од Обединетото кралство и 1,7 милиони евра или 8 отсто од Швајцарија, објавува АЕТМ

-

Странските иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2022 година потрошиле 21,76 милиони евра, што во однос на претходната година претставува пораст од скоро 33 отсто, објавува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Странските онлајн купувачи ја направиле во 618.932 трансакции или просечно потрошиле 35,2 евра по трансакција. Направената анализа за движењето на бројот и вредноста на направените оналјн трансакции од странци кон домашни од 2016 година до 2022 година покажува дека има значаен пораст, покажуваат бројките на АЕТМ.

Ако во 2016 година странците потрошиле онлајн кон македонските е-трговци само 2 милиони евра во 32,9 илјади трансакции, во 2022 вредноста е зголемена за над 10 пати, додека бројот на трансакциите за скоро 19 пати.

Што се однесува до учеството на странците во вкупно остварената вредност на онлајн трансакциите и кон дома и кон странство од домашни и странски платежни картички тоа се зголемува од 2,2 отсто во 2016 на скоро 4 отсто во 2022 година.

Фото: АЕТМ

Околу 3,6 милиони евра или 17 отсто од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2,2 милиони евра или 10 отсто од Обединетото кралство и 1,7 милиони евра или 8 отсто од Швајцарија. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 4 отсто, Бугарија и Турција 3 отсто, и Шведска и Косово 2 отсто од вредноста на онлајн трансакциите.

Фото: АЕТМ

Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2022 година во однос на претходната година е остварен од Швајцарија, додека највисока просечна трансакција е направена од Косово.

„Од анализата се гледа дека најмногу онлајн трансакции направени од странски иматели на платежни картички како по број така и по вредност се направени од земји каде што има македонски иселеници или од соседните земји. Тоа нѐ упатува на претпоставка која е основа за понатамошно истражување дека нашите иселеници се повеќе го користат овој канал за купување на производи и услуги на своите блиски од македонските е-продавници. Очекувањата се и понатаму да продолжи растот на вредноста и бројот на реализирани онлајн трансакции од странство односно најмногу од Македонци иматели на странски платежни картички кон македонски е-трговци“, вели преседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...