fbpx

Платформата за борба против корупција од Ковачевски бара да престане притисокот врз независните институции

Платформата со отворено писмо до Ковачевски инсистира да се престане со притисоците кон независните тела за борба против корупцијата, особено кон ДКСК и да се овозможи нивно непречено работење со цел зачувување на владеењето на правото

-

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од претставниците на Владата да престанат со креирање притисок врз независните институции кои работат во областа на борбата против корупцијата и да обезбедат нивно непречено работење и остварување на нивните надлежности.

Реакцијата, како што се вели, најмногу се однесува кон притисоците врз Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Платформата инсистира да се престане со притисоците кон независните тела за борба против корупцијата, особено кон ДКСК и да се овозможи нивно непречено работење со цел зачувување на владеењето на правото. Дерогирањето на работата на овие институции од страна на високи владини функционери е спротивно на заложбите за борба против корупцијата и очекувањата на граѓаните за унапредување на состојбата во која за нив корупцијата е најголем општествен проблем“, се вели во писмото упатено до премиерот Димитар Ковачевски.

Од Платформата напоменуваат дека критики за исполнување на надлежностите на која било институција се добронамерни и прифатливи сè додека се засноваат врз докази и остварени или неостварени резултати.

„Во спротивно, кога критиките се засновани врз лични, паушални, перцепции и доаѓаат од високи функционери се сметаат за директен притисок врз работењето на институциите“, се вели во соопштението.

Платформата укажува дека со одбивањето на одговорност на институциите за
непреземените обврски од своја надлежност, само се покажува незрелост и неспремност и освен декларативни заложби за борба против корупцијата нема реални резултати кои ќе придонесат кон подобра општествена состојба.

„Апелираме дека во овој момент тоа што треба да е приоритет на секој министер и на Владата во целост е да се фокусираат на антикорупциските ветувања кои земјата ги дала кон граѓаните и кон меѓународната заедница, меѓу кои се и реформа и независност на правосудството, департизација на јавната администрација, професионализација на раководната служба“, стои во соопштението.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пред неколку дена во гостување на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе. Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките“, рече Груби во неговото гостување.

На ова, од ДКСК одговорија дека „комисијата има капацитет да се избори со оркестираните напади“ и потсетија дека четири години по ред во Извештајот на Европската Комисија (ЕК) за напредокот на земјата, комисијата добива позитивни оценки за нивната проактивност и отворање случаи против високи функционери. Од ДКСК изјавија дека квалификациите за капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата на РСМ за кој има отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста.

Антикорупциската комисија го обвини Груби за оркестриран притисок

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...