fbpx

Српски медиуми погрешно избројаа пет дена полициски час во Македонија

-

Неколку медиуми на српски јазик вчера проширија дезинформација дека полицискиoт час за Велигден во Северна Македонија ќе трае, ни помалку, ни повеќе – туку пет дена!

Консултирајќи ги фактите – она што го објави македонската влада за продолжениот полициски час за Велигден, какo и за тоа што го пренесоа македонските и поголем дел од балканските медиуми, навистина е чудно од каде се појавила ваквата дезинформација, што ја пласираат, меѓу другите, и telegraf.rs, дека следниот голем полициски час во Македонија ќе почне в четврток во 16 часот и ќе трае до вторник во 5 часот.

Притоа, српските медими се повикуваа на македонски медиуми – и притоа не поставија ниту една врска (линк) до такви содржини во македонски медиуми. Поради тоа е сомнително од каде е дојдена ваквата дезинформација, од што се раѓа некаков заклучок дека не постои ниту една солидна основа за вакво тврдење, односно дека станува збор за најгруба дезинформација.

Ова е посебно поткрепено од фактот дека основниот извор на информации за посебните мерки е македонската влада, а на нејзиниот сајт нема информација за почеток на полициски час од четврток од 16 часот, туку, како што стои во соопштението, од петок до 16 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...