Секторот за климатски промени објави конкурс за постери под мотото „Климатска акција“

Секторот за проекти за климатски промени во УНДП објави конкурс за изработка на постер. Тој се спроведува како дел од официјалната кампања „Климата се менува, зошто не и ти“.

„Сега повеќе од кога било важно е да останеме дома за нашето здравје и здравјето на сите околу нас! Да го претвориме предизвикот во можност, да се едуцираме за климатските промени.
#СедиСиДома и изработи постер за климатските промени, повикај на #КлиматскаАкција и стани еден од потенцијалните добитници на бесплатен онлајн курс за надоградба на твоите вештини и знаења“ – се вели во конкурсот.

Постерите треба да се испратат на е-адреса [email protected] најдоцна до 23.04.2020 17:00 часот.

Сите пристигнати постери ќе бидат објавени на 24.04.2020 на нивната официјална Фејсбук страна. Трите постери со најголем број на лајкови ќе бидат добитници на еден месец платено онлајн учење во износ од 50 УСД, за кој било избран курс од платформата Coursera. Секој постер којшто ќе земе учество во конкурсот, понатаму ќе стане потенцијален промотивен материјал за потребите на кампањата „Климата се менува, зошто не и ти“.