fbpx

Србија по Турција по бројот на починати од вчера претпладне

-

Турција и Романија, најмногубројните земји на Балканот и натаму водат со бројките на заразени и починати од новиот корона вирус и по смртноста, покажуваат податоците што ги објави американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот.

Најголемиот пораст на нови случаи на заразени од вчера по 9 часот наутро до денеска нешто по 9 часот е забележан во Турција, со 2.148 новодијагностицирани, Романија со 215, а на третото место е Србија со 160 нови случаи, па Грција со 101.

По бројот на смртни случаи во погоренаведениот 24-часовен период води Турција со 63, а потоа е Србија, со 12 регистрирани починати.

Другите бројки и порастот од вчера околу 9 часот претпладне до денеска по 9 часот може да ги видите подолу.

Турција
15.679 случаи, а вчера: 13.531 (2.148 нови)
277 смртни случаи, а вчера: 214 (63 нови, додека од вторникот до средата претпладне имаше 46 нови)
333 излекувани, а вчера: 243 излекувани (90 нови)

Романија
2.460 случаи, а вчера 2.245 случаи (215 нови)
92 смртни случаи, а вчера: 82 (10 нови)
252 излекувани, а вчера: 220 излекувани (32 нови)

Србија
1.060, а вчера 900 случаи (160 нови)
28 смртни случаи, а вчера: 16 (12 нови)
излекувани 0

Хрватска
963 случаи, а вчера: 867 (96 нови)
6 смртни случаи (0 нови)
73 излекувани, а вчера: 67 излекувани (6 нови)

Словенија
841 случаи, а вчера: 802 (39 нови)
15 смртни случаи (0 нови)
10 излекувани (0 нови)

БиХ
490 случаи, а вчера: 430 (60 нови)
13 смртни случаи (0 нови)
19 излекувани (2 нови)

Црна Гора
123 случаи, а вчера: 120 (3 нови)
2 смртни случаи (0 нови)
0 излекувани

Косово
125 случаи, а вчера: 112 (13 нови)
1 смртен случај (0 нови)
10 излекувани, а вчера: 6 (4 нови)

Албанија
259 случаи, а вчера: 243 (16 нови)
15 смртни случаи (0 нови)
67 излекувани, а вчера: 52 (15 нови)

Грција
1.415 случаи, а вчера 1.314 (101 нови)
51 смртен случај
52 излекувани (0 нови)

Бугарија
449 случаи, а вчера: 412 (37 нови)
10 смртни случаи, а вчера: 8 (2 нови)
25 излекувани,а вчера: 20 (5 нови)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...