fbpx

Спасовски до Жбогар: Декриминализацијата и департизацијата на МВР врвен приоритет

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар како приоритети на министерството под неговото раководство ги посочил „декриминализацијата и департизацијата на министерството, реформата на безбедносните служби, имплементацијата на Стратегијата за развој на полицијата, како и зајакнување на капацитетите на министерството за борбата против тероризмот и насилниот екстремизам“, се вели во соопштението од МВР.

Евроамбасадорот му го честитал изборот на Спасовски за министер за внатрешни работи и му посакал во текот на мандатот да бидат спроведени реформите во министерството кои  ќе значат унапредување на капацитетите на министерството, но и исполнување на превземените обврски кои произлегуваат од Итните реформски приоритети.

„Спасовски ја поздрави најавената посета на Рајнхарт Прибе и групата на искусни експерти и истакна дека тоа се случува во период кога во министерството се прави анализа на досегашното имплементирање на Итните реформски приоритети, при што оцени дека забелешките кои ќе бидат дадени ќе бидат сфатени како корисни насоки за подобрување на состојбите и побрзо спроведување на превземените обврски“, се вели во соопштението од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...