fbpx

Спасовски: Без сензационализам во постапките

-

На Република Македонија и на МВР не им се потребни сензационализми, изјави министерот за внатрешни работи во техничката влада Оливер Спасовски, најавувајќи нова практика во МВР на апсења без камери.

– Сензацијата е нешто што прави добар „пи-ар“, но прашање е колку има добар ефект. Најдобро е да имаме правилни и темелни истраги, да ги расчистуваме ситуациите и случаите и тоа да се спроведува во рамките на законот и нормално во институциите, така што мислам дека нема потреба од сензационализам. Инаку сите барања коишто се доставени и од СЈО и од обвинителството воопшто, МВР ќе ги извршува своите задачи, секако и за овие случаи за кои СЈО води истрага ќе биде побарана поддршка и тоа ќе го добијат – рече Спасовски.

За пронајдените35.000 лични карти кои се спомнуваат во обвинението во случајот „Титаник“ што го покрена Специјалното јавно обвинителство, Спасовски истакна дека истрагата во тој случај целосно ја води СЈО, а МВР дава максимална поддршка и помош во секој сегмент на истрагата.
Министерот за внатрешни работи во техничката влада Оливер Спасовски денеска престојуваше во посета на полициските станици во Дебар и Струга.

Во Струга тој оствари средба со раководниот тим на СВР од Охрид и полициската станица од Струга, на која се информирал за состојбите од областа на безбедноста во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.