fbpx

Спасени 14 лица од превртениот брод во Кина

-

Повеќе од 400 лица и понатаму се заробени на бродот кој се преврти во реката Јангце во кинеската покраина Хубеј. Четиринаесет лица се спасени, а досега се извлечени 18 тела, јави државната телевизија „Си-Си-Ти-Ви“.

Бродот „Истерн стар“ на четири нивоа во понеделникот исплови од градот Нанџинг на истокот на Кина кон Чунгчинг на западот на земјата. Се преврти во провинцијата Хубеј, каде ветерот за време на бурата дувал со брзина од 130 километри на час.

Кинеските медиуми јавуваат дека бродот се превртел за две минути, а оти водата го носела уште три километри пред да го запре во близина на брегот, каде силната струја и ветерот ги отежнувале напорите на спасувачките екипи.

Некои од патниците успеале да допливаат до брегот, а спасувачите во вторникот спасиле три лице, меѓу кои се капетанот и главниот инженер, кои се наоѓаат во полициски притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...