Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на слаб дожд и можни врнежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигне брзина од 70 километри на час.
Утринската температура се движи од 3 до 11 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 24 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност, а ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.