fbpx

Сончево и топло утро, попладне можен краткотраен дожд

-

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 37 Целзиусови степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека в недела, во попладневните часови се очекува појава на локален пороен дожд и појава на грмежи. В недела се очекува и благо опаѓање на температурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...