fbpx

Со „Нема правда, нема мир“, почна протестот против одлуката на Уставниот суд

-

Граѓанските организации, поддржани од опозициските партии го почнаа протестниот марш од Владата кон Уставниот суд на Македонија. Извикувајќи „Нема правда, нема мир“, тие се движат кон Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, а потоа кон Собранието на Република Македонија сè до Уставниот суд.

На маршот се присутни неколку стотици граѓани, кои бараат Уставниот суд да не му овозможи на претседателот да помилува лица гонети или осудувани за изборен криминал.

Во меѓувреме, неколку стотини граѓани, организирани од партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски, веќе почнаа контрапротест, кој, како што велат, има цел да го одбрани Уставниот суд и уставниот поредок на државата.

Во близина на Уставниот суд е поставено засилено полициско обезбедување, два водени топа и неколку оклопни возила, а забележливо е и зголемено присуство на специјалните единици на МВР, кои најверојатно ќе бидат кордонот помеѓу демонстрантите и контрадемонстрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...