Празникот Бадник првпат во Тетово ќе се одбележи со бадникова литија и со пеење христијански песни.

Деца и младинци ќе тргнат од соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово во поворка, која понатаму ќе минува низ главните улици во градот.

– Наместо досегашниот пагански обичај на посета на домовите и пеење на коледарски песни, престојниот Бадник  во Тетово првпат ќе се одбележува со бадникова литија и со пеење на песната „Вечниот бог“.  Целта е да се воспостави традиција на православно чествување на празникот што го навестува Христовото раѓање – изјави свештеникот Александар Стојановски.

Досега за учество во оваа литија се пријавиле педесетина деца.