fbpx

Сириските власти отворија коридор за евакуација во Алепо

-

Сириската влада денеска отвори коридор за бунтовници и за цивили што сакаат да ги напуштат источните делови на Алепо, кои се под опсада.

Сепак, многу жители од тие подрачја, сепак, не сакаат да си заминат тврдејќи дека немаат гаранции оти државните сили нема да ги уапсат.

На телевизиските снимки се гледаат булдожери како отвораат пат во Кастело, кој е главен правец за снабдување на бунтовничките делови на Алепо, кои се под опсада на сириските сили.

Покрај патот се паркирани автобуси и амбулантни возила за превоз на евакуираните.

Во Алепо утрово стапи на сили примирје за да се евакуираат цивилите, ранетите и бунтовниците, како и за да се достават храна и лекови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.