fbpx

Сириските сили почнаа офанзива во Хомс

-

Сириските владини воени сили денеска, со поддршка на руските воздухоплови сили, почнаа офанзива во северниот и во северозападниот дел на провинцијата Хомс, јавуваат сириските медиуми, додавајќи дека најмалку 10 лица загинаа.

Војската презема контрола над селото Ал-Дар Ал-Кабра, северно од Хомс, јави сириската телевизија.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека најмалку 10 лица загинале, од кои шест бунтовници во 15 воздушни напади на руските авиони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.