fbpx

Штипскиот универзитет доби нов ректор

-

По два мандати, од ректорската позиција на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип,  денеска си замина Саша Митрев, кој го раководеше најмладиот македонски универзитет од основањето.

Митрев го наследи неговиот најблизок соработник, досегашниот проректор за наука, Блажо Боев. Универзитетскиот сенат едногласно го изгласа на денешното тајно гласање.

Претходно, во петокот, Ректорската управа го потврди Боев како единствен кандидат за ректор. На овој избор пред неполн месец му претходеше избор на сосема нов Универзитетски сенат.

Во универзитетските кругови со месеци се шпекулираше дека би можело да се иницираат законски измени, со кои ќе се даде можност и за трет мандат на досегашните ректори на штипскиот и на битолскиот универзитет – Митрев и Жоглев. Својот втор мандат го троши и ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, кој прашан за можноста за законски измени рече дека засега тоа не е опција.

Новиот ректор на штипскиот универзитет, Блажо Боев, е долгогодишен професор на Факултетот за рударство, геологија и политехника. Наставните области на проф. д-р Боев се геологија, петрологија, минералогија, геохемија и геохемија на средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...