fbpx

Штајнмајер: Во Европа, само со преземање одговорност и со демократија

-

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, во парламентот изјави дека „со вознемиреност го следи развојот во Македонија“, објави „Дојче веле“.

Штајнмајер, кој во Бундестагот говореше во прилог на барањето за продолжување на мандатот на КФОР во Косово, но во контекст на регионот, оддели и поголем дел од своето обраќање за состојбата во Македонија.

„Ние сме заинтересирани за безбедно и за стабилно соседство на Западен Балкан. Случувањата во различните држави ги следиме не само со интерес, туку понекогаш и со вознемиреност. Во четвртокот разговарав со еврокомесарот Хан, кој презема големи напори да посредува меѓу страните во спорот. Односите меѓу различните етнички групи таму се кревки. Назадувањето не е исклучено доколку политичарите не ја оправдаат својата одговорност. Се надевам, исто така, дека премиерот на Македонија знае: оној кој на Западниот Балкан се наоѓа на пат кон Европа и се надева дека таму ќе стигне, тој по ваквиот пат ќе може успешно да чекори само доколку навистина ја преземе одговорноста за зачувување на демократските и на структурите на правната држава“, рече шефот на германската дипломатија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...