fbpx

Шест години од потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридско Езеро

-

На денешен ден (5 септември) пред шест години, 15 туристи од Бугарија ги загубија животите во несреќата на бродот „Илинден“, кој потона во Охридско Езеро на околу 250 метри оддалеченост од брегот, кај автокампот „Елешец“.

Станува збор за најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридско Езеро.

Несреќата се случи на 5 септемри 2009 година, во 10.30 часот. Бродот „Илинден“ потона додека со 57 патници сообраќаше на релацијата Охрид – Свети Наум.

Уште истиот ден, по несреќата, капетанот на бродот, Сотир Филески, беше приведен од полицијата и му беше одреден притвор. Речиси две години по несреќата, односно на почетокот на јули 2011 година, тој беше осуден на затвроска казна од една година.

За несреќата, во отсуство беа осудени и овластениот претставник на германската осигурителна компанија „Лојд“, Бранко Баиќ, поради пропусти при проверките на техничката исправност на бродот, изграден во 1924 година.

Судските власти во Бугарија во посебна постапка поради законски пропусти изрекоа парична казна од 4.500 лева, односно околу 2.300 евра на организаторот на патувањето, Борјана Георгиева, како и двегодишна забрана за туристичка дејност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...