fbpx

Шекеринска смета дека и Грција загубила со нерешавањето на спорот за името

-

Замрзнатиот проблем во врска со името во изминатиот период беше катастрофа за Македонија, но и лош развој на настаните за Грција, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизијата „Телма“ вечерва.

Иако нагласи дека Грција, всушност, во моментот ништо не губи поради со децении нерешениот спор за името, Шекеринска рече дека земјата во последниве десет години поради него, пропуштила шанса да стане еден од најјаките играчи во Македонија.

Министерката рече и дека пратеници од коалицијата на ВМРО-­ДПМНЕ ќе дадат поддршка за некои од реформските приоритети на владата.

Истовремено, го повтори веќе кажаното, дека во СДСМ не се размислува за предвремени парламентарни избори.

Во поглед на референдумско изјаснување за промена на името, Шекеринска рече дека за решенијата за името да бидат стабилни, односно да не бидат основа за нови поделби, треба да одат на референдум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...