fbpx

Селаните од Слатино сами фатиле крадец и го предале на полицијата

-

Жителите од охридското село Слатино, кое од милост си го нарекуваат македонски Кумровец поради потеклото на еден од нашите политичари, ноќеска забележале крадец кој излегува од од една од куќите во селото.

Како што дознаваме, тие го сочекале на излезот од селото и го фатиле, по што случајот го пријавиле во охридската полиција.

Настанот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Во моментов во Секторот за внатрешни работи во Охрид, се води разговор со едно лице во врска со околностите околу обидот за кражба и околу тоа дали при кражбата имало и други соучесници – информира Димоски.
СВР Охрид работи на расветлувањето на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...