fbpx

Охридско Езеро е старо најмалку еден милион години

-

Германски научници од експедиција која подолг период го истражува дното на Охридско Езеро, продолжуваат со испитувањето на земените примероци. Тие веќе излегоа со детален извештај за резултатите од истражувањето.
Земените примероци се од средината на езерото, врз основа на кои научниците дошле до резултат дека Охридско Езеро е најстарото езеро во Европа, старо најмалку еден милион години.

– Екосистемот откриен во езерото е типичен само за ова поднебје, без посебни надворешни влијанија за појавување на нови видови. Новите видови се појавувале сосема случајно и мали влијанија биле доволни за да се појават нови видови – велат научниците.

Ексклузивно е тоа што во езерото е пронајден и вулкански прав од Италија.

Истражувањата продолжуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...