fbpx

СДСМ: Нема поголемо велепредавство од тоа на сопствениот народ

-

„Никола Груевски е уплашен од будењето на граѓаните и од силната поддршка за вистината. Дури и обраќањата пред сопственото членство, принудено да дојде и да го слуша, ги завршува со повици за кревање глава“, велат од СДСМ.

„Македонија одамна крена глава, а тоа најмногу го плаши овој човек, целосно изгубен, потонат во сопствените лошотии. Разоткриен е. Граѓаните го видоа и многу добро го препознаваат ова мрачно, нечесно лице на вистинскиот Никола Груевски и застанаа против неговото дрско, криминално и коруптивно владеење. Нема поголемо велепредавство на сопствениот народ, од тоа со години да го лажеш, да го манипулираш, да го притискаш, да го третираш како „човече“. Нема поголемо предавство за сопствената држава од тоа на граѓаните да им ја одземеш слободата и правото за правдина. Нема поголемо предавство од тоа да ја злоупотребиш власта и додека народот едвај преживува, ти да приграбуваш богатство“, се вели во рекацијата на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...