fbpx

СДСМ: Кој стои зад инвеститорот од Чешка што ќе го одржува осветлувањето во Охрид?

-

СДСМ од Охрид се сомнева дека зад наводниот инвеститор од Чешка, избран за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку јавно-приватно партнерство, всушност, стои македонски државјанин близок на локалната власт и на ВМРО-ДПМНЕ!

Со оваа економски нелогична зделка, Општина Охрид се откажува од приходи во буџетот во наредните години и тоа во износ што надминува 5 милиони евра, тврдат од СДСМ.

Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие „великодушно“ ги отстапуваат на приватна компанија од Чешка. Зошто? Студијата за економска оправданост која беше подготвена и е достапна за граѓаните, јасно покажува дека вкупната инвестиција изнесува само 3,5 милиони евра, а за време на 15 години (период колку што е договорот за ЈПП), приватниот партнер ќе ги врати вложените средства и ќе заработи повеќе пд пет милиони евра, велат од СДСМ.

– Зошто ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески не обезбедија средства самата Општина да ја реализира оваа инвестиција, која за брзо време ќе врати дополнителни средства во општинскиот буџет? Зошто во ситуација кога се намалуваат приходите, локалната власт се откажува од овие значајни средства? Станува збор за сериозна сума пари кои значително можат да придонесат за развој на нашата општина и за реализација на многу комунални проекти, значајни за граѓаните на Охрид – рече на прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...