fbpx

„Гугл“ сака да го укине роамингот

-

На почетокот од годинава се појавија гласини дека „Гугл“ планира да влезе на пазарот на мобилни оператори. Сега се појавуваат информации за нивното решение за роаминг.

Иако цените на роамингот почнаа да се намалуваат, повиците, пораките и мобилниот интернет во странска држава претставуваат голем трошок за многу корисници. „Гугл“ сака да застане на патот на овие трошоци и да го реши проблемот за сите.

Челниците на компанијата веќе почнале преговори со неколку оператори за на корисниците да им обезбедат бесплатен роаминг во повеќе држави во светот. Поради комплексната процедура, засега овој процес е ограничен на корисниците од САД, но се планира проширување на други држави.

Второто барање е за бесплатен роаминг за корисниците што поседуваат телефон „нексус“ и тоа, најверојатно, се однесува само на последната генерација телефони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...