fbpx

СДСМ: Груевски е фабрика за криминал во огромни количества

-

Проектот „Вистината за Македонија“ ја покажа вистината за криминалното владеење на Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков, фамилијата и на нивното „дил ориентед“ друштво, реагираат од СДСМ на писмената изјава на премиерот Никола Груевски за случајот „Фабрика за афери“.

„Додека граѓаните осиромашуваа, Никола Груевски цели 10 години мислеше само на бизнисите на фамилијата, матните зделки на братучедот Мијалков, на тендерите за споменици вредни 630 милиони евра, на „мерцедесот“ од 600.000 евра, на парцелите на Водно, на милионските провизии. Тоа не е политика, тоа е криминал! Груевски е фабрика за криминал во огромни количества! Затоа најголем кошмар за Никола Груевски е Специјалното јавно обвинителство, Анкетната комисија, истрагите што се водат, Договорот од Пржино. Грабањето, богатењето на фамилијата на сметка на граѓаните доведе до тоа 626.312 граѓани да ја напуштат Македонија поради невработеност и лоши услови за живот. Никола Груевски, Сашо Мијалков, фамилијата и соработниците знаат колку длабоко се навлезени во криминални и во корупциски скандали за кои ќе мора да одговараат. Бегање од одговорност нема да има. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Груевски тоа многу добро го знае и затоа е во паника и во страв“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека Груевски побегнал од граѓаните и зад затворени врати побарал да сведочи во Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето и дека граѓаните ја очекуваат оставката на премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...