fbpx

СДСМ: Груевски да одговори за поднесените кривични пријави против неговите соработници

-

Опозицискиот СДСМ денеска го повика лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, да одговори за поднесените кривични пријави против неговите соработници.

„Никола Груевски втор ден молчи и одбегнува да одговори за поднесените кривични пријави против дел од неговите најблиски соработници од ВМРО-ДПМНЕ. Она што го правеле неговите соработници, Никола Груевски добро го знаел. Затоа, нека не се прави Никола Груевски како да не е од тука. Изборните манипулации веќе не се само тврдења, туку основа за кривично гонење од страна на институциите“, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека Груевски ја турнал државата во криза и го осиромашил народот.

„Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, а граѓаните живеат со само 40 денари на ден. Повеќе од 500.000 граѓани во Македонија живеат во сиромаштија. Македонија е 13 по беда во светот. Со 630 милиони евра можеше да се изградат 126 фабрики во коишто би работеле повеќе од 100.000 граѓани и да се реши големата невработеност којашто владее во Македонија. Поради Никола Груевски, Македонија има најголема смртност на новороденчиња во Европа, дури 14 на 1.000 живородени, што е катастрофален показател. Со 630 милиони евра можеше да се решат болните прашања во здравството, родилиштата, болниците…. 626.312 граѓани ја напуштиле Македонија, пред сè, млади и образовани луѓе, поради невработеност и сиромаштија. Со парите фрлени за споменици, Македонија можеше да ги искористи за поддршка на домашните мали и средни претпријатија да отворат нови работни места и на тој начин да го спречи масовното иселување на младите од земјава“, стои во соопштението на СДСМ и се додава дека Груевски со својот начин на владеење ја блокирал европската иднина на Македонија.

Од партијата велат дека Никола Груевски треба да ја поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство во интерес на граѓаните затоа што и тој е потписник на Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За врховниот судија Наке Георгиев 30 дена притвор, за Иџет Мемети се бараат мерки на претпазливост

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, откако тој беше уапсен вчера, поради наводно примање поткуп од...