СДСМ: Дали се проневерени 40.000 евра со знаење на Илчо Захариев

-

Скандалот за проневерени 40.000 евра од општинската каса, наменети за организирање на манифестацијата што треба да биде промотор на гастономскиот специјалитет со којшто се гордеат штипјани, познатата штипска пастрамајлија, ја тресе јавноста повеќе од една недела. Надлежните институции, градоначалникот Илчо Захариев и мнозинството во Советот на Општината, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, молчат затскривајќи се зад изговорот дека контролата врз работењето на Здружението на граѓани „Пастрамалијада 2013 година“ не било во нивна надлежност, рече на денешната прес-конференција Ален Георгијев, пратеник од СДСМ.

– Ако се има предвид дека здружението беше формирано токму пред организирањето на оваа манифестација, а неговото работење беше аминувано токму од градоначалникот Илчо Захариев, кој без да даде објаснување им ја додели оваа сложена и обемна работа на лица кои дотогаш немаа искуство, се отвора прашањето дали не можеше да се претпостават ваквиот исход и последиците. Градоначалникот Захариев е должен да одговори на граѓаните: Доколку станува збор за здружение на граѓани кое е непартиска и невладина организација, кое функционира како посебен правен субјект, кој стои зад одлуката токму на тоа здружение да му се доделат простории во рамките на Општина Штип, без за тоа да плаќа надоместок? Зошто никој не побарал отчет за потрошените пари, а станува збор за манифестација за којашто дел од средствата се обезбедени токму од општинскиот буџет? Каде завршија парите за наем на штандови, за чијашто висина, одлука донесе токму градоначалникот? Дали членовите на здружението се партиски активисти на ВМРО ДПМНЕ? – рече Георгијев.

СДСМ повикува Захариев да излезе и да даде одговори на овие прашања бидејки станува збор за злоупотреба на пари на граѓаните.

Лажни паралели за украинскиот упад во Русија и неосновани обвинувања за НАТО

Без никаков доказ, објава на социјалната мрежа Threads го обвинува НАТО за агресија врз Курската Област на Русија и го споредува со Наполеон и Хитлер, а таму всушност упадна војската...