„Телеграм“ ќе приложува одредени податоци по налог од државни органи

Кратко по апсењето на основачот Павел Дуров, социјалната мрежа се согласи да ги открие IP-адресите и телефонските броеви на одредени корисници доколку има налог од државен орган

-

Социјалната мрежа и апликација за пораки „Телеграм“ се согласи да ги открие IP-адресите и телефонските броеви на одредени корисници доколку има налог од државен орган, пренесува Би-би-си.

Како што напиша основачот на апликацијата Павел Дуров во пост на „Телеграм“, целта на оваа постапка е да се обесхрабрат луѓе да ја користат апликацијата за криминални цели.

„Иако 99,999 отсто од корисниците на Телеграм немаат никаква врска со криминал, тие 0,001 отсто кои се дел од нелегални активности создаваат лоша слика за целата платформа, со што се ставаат во опасност интересите на нашите речиси милијарди корисници“, напиша Дуров.

Ова претставува значаен потег за Телеграм, социјална мрежа која е позната по тоа што гарантира крајна безбедност на приватните податоци на нејзините корисници.

Дуров беше приведен на 24 август во Франција, а на 28 август беше обвинет за соучесништво во дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога, како последица на недоволното санкционирање на овие активности на својата апликација. Тој беше пуштен под притвор, но е под супервизија и не смее да ја напушти Франција.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...