Нападите врз Либан продолжуваат, бројот на раселени лица се искачи на 500.000

Израел исто собори ракети од Хезболах кој го таргетирале седиштето на Мосад, главната разузнавачка агенција на Израел

-

Денес е третиот ден од интензивни воздушни напади од Израел врз Либан, пренесува Гардијан.

Најмалку дваесетина луѓе биле убиени во вчерашните напади врз Либан, со што бројот на загинати оваа недела се искачи на 569, меѓу кои најмалку 50 деца.

Истовремено, луѓе во Либан масовно си ги напуштаат домовите, откако беа предупредени од израелските сили да напуштат згради во кои се складираат оружја на Хезболах. Израел тврди дека Хезболах складира оружја и во цивилни згради, кои се мета на воздушните напади. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неколку дена во видео-обраќање го осигури либанскиот народ дека по крајот на израелската воена операција, лицата кои ги напуштиле своите домови ќе можат безбедно да се вратат во нив. Но, останува нејасно дали ќе имаат во кој дом да се вратат овие граѓани, доколку токму нивните домови биле мета на воздушни напади.

Бројот на раселени лица во Либан се искачи на 500.000. Се забележува хаос на улиците, и колони од коли десетици километри долги.

Во Тел Авив, пак, одекнаа сирени, предупредувајќи за воздушен напад од Хезболах. Ракетата од Хезболах беше соборена од израелските сили. Хезболах тврди дека цел им било седиштето на Мосад, додека Израел тврди дека биле таргетирани цивилни подрачја на Тел Авив.

Воздушните напади на Израел доаѓаат откако минатата недела беше извршен застрашувачки напад во Либан, во кој истовремено експлодираа илјадници електронски уреди кои воглавно припаѓале на членови на Хезболах. Најмалку 3.000 лица се здобија со тешки повреди (вклучувајќи ампутации на раце и прсти, како и отстранување на очи) и најмалку 37 лица загинаа, меѓу кои и деца.

Минситерсот за надворешни работи на Либан изрази разочараност со ставот на американскиот претседател Џо Бајден во врска со нападите на Израел. Тој смета дека тој не бил доволно цврст и дека САД се единствените кои можат да ја сопрат војната.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...