СДСМ: Посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е понижувачка

Од партијата велат дека Сиљановска Давкова се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, биле испратени соопштенија до јавноста без користење на државното уставно име, и немало заеднички изјави за медиумите

-

СДСМ ја смета посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Бугарија за понижувачка бидејќи за време на средбите со бугарските државници не било истакнато и македонското знаме. Од партијата велат дека Сиљановска Давкова се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, биле испратени соопштенија до јавноста без користење на државното уставно име, и немало заеднички изјави за медиумите, што според нив е огромен срам за државата, а надворешната политика која ја претставуваат ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска е импровизација и наивност.

„Македонската делегација на чело со Гордана Силјановска Давкова, вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а нашата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена. Гордата Гордана и придружните министри во Софија беа пречекани како претставници на некои локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија. Ја прашуваме Гордана и нејзиниот шеф Мицкоски, која држава ја претставуваа во Бугарија и со кои симболи? Каде се изгуби државното име и во него Македонија – за чие меѓународно признавање се бореа генерации? Дали сликањето до бугарското знаме значи дека ја претставува Бугарија?“, прашуваат од СДСМ.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...